Богојески: Се создава атмосфера на линч кон мене и моето семејство

Од:

„Ќе отпочнам правна постапка пред надлежните институции против правни и физички лица, меѓу кои се и одредени политички партии, нивни функционери, невладини организации, самонаречени новинари и поединци поврзани со претходната власт на ДУИ и СДСМ. Овие субјекти се инволвирани во креирање и ширење на лажни информации и материјали, лажни профили на социјални мрежи со украден личен идентитет, лични навреди, дисквалификации, говор на омраза, омаловажување и клевети“ соопшти меѓу другото претседателот на партијата Македонски концепт, Петар Богојески.

Тој вели „Нивното делување има за цел создавање на атмосфера на јавен линч и поттикнување закани, со што директно се загрозени мојот личен и физички интегритет, но за жал и на моето семејство. Дел од тие креирани лажни профили и материјали, закани за физичка ликвидација и сл. веќе се пријавени во Министерството за внатрешни работи и надлежните институции преземаат мерки согласно законските надлежности“.

„Потенцирам дека во претходните неколку денови беа креирани серија на лажни профили со мој идентитет, на сите можни социјални мрежи, за што јас навремено, јавно информирав. Нивната намена беше да фабрикуваат, а во текот на последните два дена масовно да споделуваат фалсификувани и креирани, не од мене ставови, статуси и коментари на социјалните мрежи“ вели Богојески.

Би можело да ве интересира

Јаневска за назначувањето на Богојевски: Поставените директори треба да бидат натпартиски

Алијанса за Албанците: Европските образовни програми Еразмус+ во рацете на антиалбанец и антиевропеец

Влен: Петар Богојевски лавира во ставовите во зависност од личните очекувања, од реформатор на ВМРО-ДПМНЕ до македонски националист

ДУИ: Богојевски ги навредува Албанците и вредностите на ЕУ, да се повлече одлуката

Петар Богојески поднесе кривична пријава за повеќе дела против политичари Албанци

Коалицијата „Вреди“ поднесе кривична против Петар Богојески за говор на омраза