(ВИДЕО) Богдановиќ: Груевски признава дека цел плоштад е нивен

Од:

Најтрагичен е криминалниот проект Скопје 2014. Болниот ум кој што стои зад овој проект е лично Никола Груевски. Наместо да се занимава со крупни државнички прашања, премиерот како ученик го црта и брише изгледот на нашиот центар.

Самонарачениот патриот Груевски со грчкиот бизнисмен Конаминас го црта изгледот на офицерскиот дом. Самиот Груевски и Јанакиевски признаваат дека цел плоштад е нивен и тоа купен преку контраверзниот бизнисмен кој ја напушти државата, Алек Теранова, рече на прес конференцијата на СДСМ, Саша Богдановиќ.

Разговор помеѓу Миле Јанакиески и Никола Груевски

НГ: Миле
MJ: Молам
НГ: Абе овој дознав дека овој високиот
MJ: Добро
НГ: А… наводно кога, пред да се објави огласот ја сменил сликата на тоа како треба да изгледа офицерски дом и тоа до него
MJ: Како ја сменил
НГ: Па нешо немало да биде исто туку слично, а не по таа слика што ни е Коста Мазгалоски шо ја напрај
MJ: Не не имавме, тој беше Коста па послем ја надогради тој другиот
НГ: Која, офицерски дом… И како ја напрај
MJ: Ја имам сликата утре да ти ја дадам… Нели го ангажиравме дополнителнио тука тој беше сместен му плаќавме тоа
НГ: И сега колку личи на офицерски дом, поише личи или помалку
MJ: Па добро нели ја гледавме заеедно
НГ: Ама не, он ја подобри таа до неа, до офицерски нели две продадовме, таа едната ја направи коста а овој ја подобри
MJ:Така да
НГ: А офицерски немаше подобрување,
MJ: сега не ми текнува мислам двете имаше подобрување
НГ: Ај види утре и кажи ми
MJ: Важи, ќе проверам
НГ: И… ти ке си се видел со него во четврток
MJ: Само на крај, видете, ние му даваме согласност, тоа беше само нацрт крајниот дизајн ние го одобруваме
НГ: Миле а колку си сигурен дека до 12 април он мора да извади за офицерски дом, овој човекот шо го купи мора да извади одобрение.
MJ: 99 %
НГ: Нели две години било
MJ: Значи, сеа точниот датум вчера што ви го кажав, сеа немам пред мене… незнам кој беше даутумот
НГ: 12 април ми го кажа
MJ: 9 месеци е по закон, сеа незнам ако е 12 тогаш е 12
НГ: Спреми се ти за ова за состанокот ќе сте имале четврток состанок, расчистете го тоа со датумот и прати ми утре слика да го видам тоа, ја мислам дек он на офицерски не меневаше,туку менуваше само на таа до офицерски и за таа ние го замоливме да менува пошто беше грда , а оваа на офицерски уопше не се сеќавам дека менувал нешто
MJ: Значи утре ќе ви го пратам ама знаете во предвид на крајот ние го одбруваме
НГ: Ако ние го одобруванме да знаеме што сме му дале

Разговор помеѓу Миле Јанакиески и Никола Груевски

НГ: Сакаш нешто да ме прашаш за ова за…
НН: А, за ова за локацијава шо ја продадовме за хотелов така… овие
НГ: За кој хотел?
НН: За на плоштад што е тој хотелот
НГ: Добро… Мериот?
НН: Што беше градската куќа со тој хотелот, да…
НГ: Аха добро
НН:Нели имаше таму три приоватни лица
НГ: Да
НН: Денеска беа едни од нив кај мене, тие се ставаат у зеленило и чисто најавуваат дека прво тие со понуда дадоја дека по три илјади евра, дека се согласуваат да им се продаде земјиштето дека ке се бунат ќе го оградуваат земјиштето итн му понудил некој 700 евра викаат не е згодно вака ние тргнавме културно ќе се буниме да си ги оствариме правата
НГ: Нека идат кај овој али баба да им даде
НН: Е еден е тој али баба уште двајца има други
НГ: Да ама не може заради него страдаат и други
НН: Не чисто сакав тој дел да ви го кажам ништо специјално
НГ: Нека се тера тоа е тоа, нема каде
НН: Не не , чисто мислев како информација
НГ: Не очекував ја дека ке има такво нешто ама ти гледај колку време со али баба нема договор
НН: Не, не, знам, што бара и како бара, чисто тоаљ сакав како информација тоа да ви го кажам
НГ: И нема да мрдне рботаата
НН: Да да јасно
НГ: Нема да мрда, со али баба… нема ни на повидок нешто. Јас сакам во нашиов мандат да се изгради тоа не сакам, во 25-та да се гради
НН: Не, знам, ми кажа инвеститорот и мислам ок си е само чисто како информација да имате ништо повеќе дека може и такви работи да прават
НГ: Добро… да ќе прават сигурно тоа е тоа
НН: Ок поздрав
НГ: Ние ја гледаме поголемата цел
НН: Ок
НГ: Ок поздрав

Разговор помеѓу Миле Јанакиески и Никола Груевски

НГ: Миле
MJ: Молам
НГ: За ова за скалите, можеме ли ??? да си го изгради тоа и да ги продаде дуќаните доле и у ќар да се да земе кредит
MJ: Генерално може и тоагш го дискутиравме тоа ама незнаеме колку пари чини тоа
НГ: Па ја мислам краткава варијанта ако се праи по некои 4 5 милиони, а оваа дугачкава оваа високава веројатно е поише
MJ: Да зборам со Цветко ама ај да почекаме состаноков со овај зашто тој е заинтересиран, овој чоеков шо ви зборев, заинтересиран е тој викам…
НГ: Да ама знаеш од која земја доаѓа, дали да го пуштаме да влага, тука на плоштад ќе се охрабрат они ќе доаѓаат на плоштад после, знаеш , друго е таму да иде покрај покрај Вардар таму кај Кале или незнам Железничка станица онаму друго е у Центар на плоштадвда ти влезе таков
MJ: Инаку тој има 30 години живеено во Франција, ама од таму му е потеклото,
НГ: Од таму а
MJ: Како дете бил на студии заминал во франција и 30 години живеел ио франција и се враќа повторно во Албанија
НГ: А е муслиман или е католик
MJ: Католик, католик
НГ: Ако е католик…
MJ: Српски… мислам појма нема со
НГ: Овој Радика што го има не е католик, православен, радика хотелот
MJ: Католик и заљубен во барок. Значи човекот е, по звање значи, по струка е уметник.
НГ: А уметник е по струка, затоа он толку по барокот.

Разговор помеѓу Миле Јанакиески и Никола Груевски

НГ: Миле
МЈ: Молам
НГ: И сега ова пропаѓа ли што е работата
МЈ: Треба пак да го објавиме ама треба да имаме некој сигурен. Оваа, Розе од Ѕинго до четвртокот имале одлука, после вечерта имале управен одбор и двајца од бугарите не се согласиле му кажала на Aлек ама било касно. Aлек наводно неќи да не излези како некоја муабет афера зборел и со вас ми рече.
НГ: Мх
МЈ: Не е проблем ќе го објавиме пак ама беше таа кај мене ги донесе документите ги проверивме документите се беше ок и на крајот кажа, имале проблем со Бугарите
НГ: И ова е дефинитивно дека се откажуваат
МЈ: Јас се слушнав со Розе ми вика Миле не можам одлука да донесам бидејќи не се сигурни колку пари тоа ќе ги чини. Јас напраив естимација околу пола милион евра тоа чини ама не се сигурни, вика немам сила да донесам одлука. Незнам да ја викниме нејзе ама таа нема толку моќна одлука незнам таму кој ја носи одлуката, јас со неа дискутирам цело врме
НГ: Кога ќе знае она дали ќе влагаат сигурно или не
МЈ: Во моментов викаат дека нема да влагаат, единствена причина што тоа незнаат колку точно ќе ги чини тоа што ќе трееба да го изградат
НГ: И ниедна друга фирма не се јави
МЈ: Не
НГ: Како бе за толку атрактивна локација никој да не се јави
МЈ: Нели Aлек беше заинтересиран ама Aлек рече нека влезат тие да не излезе дека јас за се аплицирам и овие у петокот му кажалe нема време ја зборев со Aлек за повторно вика да не испадни голема, дека цел плоштад ние го земаме, затоа ви викав да се видиме да продискутираме

Би можело да ве интересира

Крвава забава во Книн – рачна бомба експлодираше во стан, 25-годишник загина

А1он

Тревога во пет авиони на „Делта ерлајнс“: „Никој нема да преживее“

Горан Наумовски

Поради дојава за бомба, полицијата го евакуира „Сава центарот“

Бомба тешка 250 килограми е пронајдена кај Нова Градишка

Експлозија во судница во Калифорнија, двајца повредени

Претседателството на БиХ добило дојава за поставена бомба

Горан Наумовски