Блиц: Власта им платила на Албанците за нападот во Гошинце

Од:

Нападот на полицијата во Гошинце е исцениран за да го пренасочи вниманието од шпионската афера во чиј центар е премиерот Никола Груевски, тврдат безбедносни служби за српски „Блиц“.

За нападот, според неофицијални информации на неколку служби на соседни земји, издвоени се два милиони евра, а го организирале двајца водачи на криминално-терористички организации Сами Укшини, викан Сокол од Ѓаковица и Ризе Бега од околината на Пеќ.

Тие двајца само еден ден претходно имале средба со претставници на Демократската унија за интеграција (ДУИ), партијата на етничките Албанци која со ВМРО-ДПМНЕ го креира владејачкото мнозинство во Македонија.

– Сознанијата укажуваат дека парите им се дадени за намерно да ја нападнат станицата. Претставници на ДУИ биле против тоа сценарио и на средбата побарале акцијата да не биде изведена. Очигледно е дека двајцата постапиле според упатствата на некој многу повлијателен – вели за „Блиц” извор запознаен со сознанијата на безбедносните служби

Би можело да ве интересира

„Блиц“: Под чија контрола се косовските лидери

Сандра Бошковска

Како Блиц ги советува српските туристи кои поминуваат низ Македонија?

Емир Латифовиќ

Блиц: Утре се одлучува за вонредни избори во Македонија

А1он