Бизарен случај во Тетово: „Почината“ жена во декември родила дете

Од:

Тројца вработени во Центарот за социјални работи Тетово во СВР Тетово вчера пријавиле сомневање за сторено кривично дело „фалсификување исправа“.

Според информациите, на 21 јануари 2026 година во Центарот пристигнало известување од Управа за водење матични книги дека на 8 декември 2025 година во Клиничка болница Тетово е родено женско дете од мајка А.С.(27).

Меѓутоа, при постапката за регистрација на новороденчето во службените евиденции било утврдено дека мајката се води како почината на 21 октомври 2006 година.

По преземени мерки и испратени покани, на 12 февруари 2026 година лицето А.С. се појавила во Центарот за социјални работи заедно со новороденото дете и со уште едно машко лице. Притоа, не приложиле никаков документ за идентификација.

Надлежните институции информираат дека се преземаат дополнителни мерки за целосно расчистување и документирање на случајот.

Би можело да ве интересира

Хонорарците од тетовската болница повторно добија ветување за трајно вработување

Обвинителството нареди обдукција на починатото девојче, во тетовската болница имало инцидент и оштетен инвентар

Катерина Ѓуровски

Седумгодишно девојче почина во тетовската болница, семејството не се согласува на обдукција

Инспекциски надзор во тетовската болница по смртта на 30 годишна девојка од село Копанце

А1он

Министерот Алиу одговори на обвинувањата на ДУИ: Клиничката болница во Тетово ја оставивте за жалење

Владата не даде согласност за вработување на 155 медицински сестри во тетовската болница, велат од ДУИ

Горан Наумовски