А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
InstagramTelegram
А1он
Од: А1он
Македонија

Битиќи: Владата носи заклучоци, одлуки и задолженија, но не се укажува на постапката или начинот како треба да се спроведе

by А1он02/12/2023 - 14:41213
Share0

Владата носи заклучоци, одлуки и задолженија. По предметот за „Македонски пошти“ и „Железници Транспорт“ Владата во април 2021 година имаше донесено заклучок со кој што го задолжува Генералниот секретаријат да ги спроведе сите законски постапки по однос на ангажирање на консултантски фирми за физибилити студии и таму завршува тоа што Владата го има направено, изјави вицепремиерот задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции, Фатмир Битиќи.

Следете a1on на Instagram Instagram

Никогаш во ниту еден заклучок или задолжение што ги носи Владата, нагласи Битиќи, не се укажува на постапката или начинот како треба да се спроведе.

– Нема никогаш и во ниту еден заклучок не се влегува во модалитетот на спроведување на заклучокот. Стручните служби знаат како треба да се спроведе, согласно законските прописи во државата. Владата работи според Деловникот за работа на Влада и според Законот за Влада, изјави Битиќи, одговарајќи на новинарски прашања по посетата на фабриката „АТС АММО“ во Македонски Брод.

Во однос на изјавата на поранешниот Генерален секретар на Влада Мухамед Зеќири, против кого вчера беше изречена првостепената неправосилна пресуда, дека при потпишувањето на договорите спроведувал „умисла на други“ посочувајќи го него, Битиќи рече дека не би сакал да ја коментира неговата изјава.

Следете a1on на Youtube YouTube

– Не би сакал да ја коментирам неговата изјава, затоа што беше дадена на два јазици, на македонски и на албански. На албански јазик не беше кажано така, беше кажано предлог, изјави Битиќи.

bitiki

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Битиќи: 11 милијарди евра нов долг, ја туркате државата во провалија со задолжувањето

Горан Наумовски28/05/2026 - 13:37

(ВИДЕО) Битиќи: На крај на годината во буџетската каса фалат една милијарда евра

Горан Наумовски27/11/2025 - 19:0127/11/2025 - 23:28

Петрушевски до Битиќи: Меѓуетничкиот соживот се гради со дела, а не со националистички и шовинистички говори

Горан Наумовски19/11/2025 - 14:36

Битиќи: Кога премиерот Мицкоски ќе каже на митинг дека економијата успева, погледнете во вашите фактури

Горан Наумовски10/10/2025 - 14:45

(ВИДЕО) Битиќи: Срам за Владата, работниците и пензионери не се виновни за поскапувањата

Горан Наумовски12/08/2025 - 11:4612/08/2025 - 12:25

Стојановска: Битиќи и СДС молчат и не се извинуваат

Горан Наумовски23/07/2025 - 13:04
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
InstagramTelegram
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео