Битиќи: Над 400 000 граѓани ќе бидат опфатени со антикризните мерки

Од:

Над 400 000 граѓани, пензионери, ученици, студенти, самохрани родители, ќе бидат опфатени со антикризните мерки треба да бидат усвоени утре на седница на Владата, најави денеска вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи.

Одговарајќи на новинарско прашање колку компании се блокирани поради неплатен данок на солидарност Битиќи рече дека според последните податоци бројот е мал, под 20. Уште не се блокирани сите компании и секојдневно се менува бројот.

-Средствата ќе бидат искористени за антикризни мерки што очекуваме утре да бидат на седница на Владата и се насочени најранливите категории граѓани, тука спаѓа најголемата група граѓани, пензионерите, кои ќе добијат одреден надомест неколку месеци, како и ученици, студенти, самохрани родители, итн…Буквално, најранливите категории, опфатот ќе биде навистина голем, над 400 илјади граѓани ќе бидат опфатени со мерките, за тоа се користат средствата од солидарниот данок, рече Битиќи.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Битиќи: Во среда да гласаме и да избереме заедништво и соживот

Битиќи: Први во регионот според слободата на медиумите – затоа да гласаме за бројот 1

А1он

Митева: Битиќи ја злоупотребил својата позиција како вицепремиер бара од компаниите да гласаат за него наведувајќи го бројот на гласачкото ливче

(ВИДЕО) Битиќи и кандидатите од ИЕ2: Во коалиција сме со граѓаните за европска Македонија

Битиќи: Не смееме да дадеме шанса ВМРО-ДПМНЕ да ја загрози европската иднина

(ВИДЕО) Битиќи: Патриотски ќе одиме кон повисоки плати и пензии, кон „Едно општество за сите“