Битиќи – Фајон: Силниот регион е додадена вредност на патот кон ЕУ интеграцијата

Од:

Заменик-претседателот на Владата на Република Северна Македонија задолжен за економски прашања, координација со економските ресори и инвестиции, Фатмир Битиќи денеска оствари средба со заменичката на претседателот на Владата и министерка за надворешни работи на Република Словенија, Тања Фајон, која престојува во официјална посета на Република Северна Македонија.

Разговорот помеѓу двајцата потпретседатели, беше насочен кон пристапните преговори со Европската Унија на Северна Македонија за кои министерката Фајон на самиот почеток на состанокот ги поздрави и изрази поддршка, како и кон моменталната енергетска криза и справувањето со истата, известуваат од Владата.

Вицепремиерот Битиќи се заблагодари за целата поддршка која Словенија, но и министерката Фајон ја дава за нашата земја на нашиот пат кон ЕУ интеграција.

Двајцата потпретседатели зборуваа за развојот на регионалната соработка преку инвестиции и зголемување на конкурентноста. Вицепремиерот Битиќи ја потврди важноста на словенечките компании кои инвестираат во нашата земја и кои носат додадена вредност на нашата економија.

Министерката Фајон ја потврди добрата соработка и пријателство кое двете земји традиционално го имаат и развиваат, што се потврдува со веќе 30 годишнината од воспоставувањето на билатерални односи помеѓу двете земји.

Министерката ја потврди и заложбата на Европската комисија за поддршка на земјите од Западен Балкан за излез од енергетската криза, со позитивен став дека Комисијата ќе донесе позитивна одлука за финансиска поддршка, се наведува во соопштението од Владата.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Младеновска: Владата плаќа 350 милиони евра годишно за камати, повеќе отколку за социјална помош

СДСМ: Нема субвенции, нема откуп, нема мерки – земјоделците се оставени на цедило

Горан Наумовски

ДУИ: Македонија остана надвор од плановите на ЕУ за проширување, одговорноста е на Владата

Левица: Владата на Мицкоски признава фискален неуспех – ги промаши проекциите, ги крати инвестициите и ја задолжува државата

СДСМ: Владата преку започнати проекти обезбедува средства за избори

Горан Наумовски

СДСМ: Владата ќе потроши над 350.000 евра за промовирање на својата работа преку бугарска фирма