Битиќи даде оставка од функцијата во СДСМ, но не се повлекува од политиката

Од:

Поранешниот вицепремиер за економски прашања и еден од потпретседателите на СДСМ, Фатмир Битиќи кој поднесе оставка од партиската функција по изборниот пораз, сега најавува дека не се откажува од политиката.

Во пост на социјалните мрежи Битиќи напиша:

„Во политиката влегов за да ја направам промената и додека не ја направам, нема откажување!“

Вицепремиерот за економски прашања и еден од потпретседателите на СДСМ, Фатмир Битиќи поднесе оставка од партиската функција веднаш по изборниот пораз,

-Како потпретседател на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, обврзан на етички и демократски вредности, одлучив да поднесам оставка од функцијата потпретседател на партијата. Мојата оставка комплетно ќе се ефектуира кога останатите мои другари и другарки кои го сочинуваат партиското раководство ќе го направат истото – од првиот до последниот. Во целата моја политичка кариера барам лична одговорност од сите чинители – и овој акт е токму тоа. А оставката на раководството е неопходен чекор кон враќање на довербата на граѓаните и трасирање на патот кон иден политички успех, изјави Битиќи во видео-порака.

Со последната објава дека не се откажува од политиката се поставува прашањето дали Битиќи ќе биде дел од тимот кој ќе се обиде да ја реформира СДСМ или пак политичката кариера ќе ја бара во некоја друга партија.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Битиќи: Да се издигнеме над ривалствата и поделбите, да бидеме одлучни за европската иднина на Македонија

Битиќи до домашните компании: Со заедничка поддршка инвестиравте над 500 милиони евра, да продолжиме заеднички

(ВИДЕО) Битиќи и Шкријељ: Не е време за бојкот или молк, туку за глас со кој ќе ја замолчиме националистичката реторика

Катерина Ѓуровски

Битиќи: Осигурителните компании да го повлечат зголемувањето на цените за задолжителна осигурителна полиса, а на граѓаните да им се компензираат средствата

Битиќи: Ако не успее сега, владата на СДСМ по 9 мај ќе ги продолжи стратешките инвестиции во енергетиката

Ковачки: Постојат сериозни сомнежи за трговија со влијание на Битиќи и Муслиу, за нивните сопруги да добијат 620.000 евра грант, а ЈО молчи четири дена