Комисијата на општина Центар за „Скопје – 2014“ вели дека констатирала „пропусти“ во реализацијата на овај проект. Мислам дека грешат или имаат јазично-етимолошки проблеми.
Таму не се работи за пропусти, туку за тешки дубиози, за големи кратери и за силни ерупции, од кои два милиона луѓе тешко страдаа. Времето ќе покаже дека нешто слично или повеќе од тоа се имаат случено и во сите други области. Оваа фаза од осум години владеење веројатно ќе остане запаметено во историјата на државата како тешка човечка катаклизма, каде што се газело по се што е човечко. Идните аналитичари ќе имаат сериозен проблем да ги дефинираат сегашните водачи – дали тие воопшто биле водачи или тешки медицински случаи, напиша професороот Биљали на својот фејсбук профил.