Познатото македонското древно духовно светилиште, манастирот „Свети Јован Крстител“ попознат како Бигорски манастир утре го одбележува својот патрон.
По традиција вечерва тука ќе има многу верници од сите делови на Македонија, а така ќе биде и во текот на утрешниот ден.
Празнувањето почнува од вечерва, со вечерна богослужба, а продолжува утре со утринска богослужба и божествената архијерејска литургија, која почнува во 8:30 часот. Со неа ќе чиноначалствуваат митрополитот Дебарско-кичевски, г. Тимотеј, митрополитот Брегалнички, г. Иларион и епископот Велички, г. Јосиф.
Во текот на светата литургија еден член од бигорското братство ќе биде ракоположен во ѓаконски чин.