Без струја во понеделник четири скопски општини

Од:

Без електрична енергија во понеделник (9 ноември) ќе бидат дел од корисниците во скопските општини Студеничани, Карпош, Ѓорче Петров и Шуто Оризари.

Како што соопшти Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје поради технички зафати во електро – системот без електрична енергија од 8:30 до 14:30 часот ќе бидат корисниците на  с.Батинци, дел од с.Љубош во општина Студеничани. Од 9:30 до 15:00 часот корисниците на дел од булеварот „Илинден“ во општина Карпош.

Без струја од 10:00 до 14:00 часот во понеделник ќе бидат и корисниците на улица „Лука Геров“ во општина Ѓорче Петров, како и корисниците на улиците „Метохиска“, „Гвадалахара“, „Индира Ганди“ и „Рељо Шестокрило“ во општина Шуто Оризари во периодот од 9:30 до 15:00 часот.

Би можело да ве интересира

РКЕ: Отчитувањето на броилата зголемено на 95 отсто

Горан Наумовски

СДСМ: Поскапувањето на струјата е нов удар врз и така нискиот стандард на граѓаните

Горан Наумовски

Филипче: Струјата поскапе поради катастрофалното менаџирање на ВМРО-ДПМНЕ

Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 28 ноември изнесува 119,61 евра за мегават час, на МЕМО 118,90 евра за мегават час

Владата ќе продолжи со субвенционирањето на струјата за домаќинствата

Горан Наумовски

Лани 65,5 отсто од потребната енергија во земјава била обезбедена од увоз