Без струја во четврток повеќе делови на Скопје

Од:

Без електрична енергија утре од 8:30 до 12:00 часот ќе бидат корисниците од дел од улиците „Лисец“ и „Божидар Рајковиќ“, а од 8:30 до 16:00 часот корисниците од број 26 до број 30 на булевар „Кузман Јосифовски Питу“, улица „Симеон Кавракиров“ и околината на објектот Тобако-2, во општина Аердром.

Како што соопшти Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, прекинот е поради технички зафати во електро-мрежата.

Без струја од 9:00 до 15:30 часот ќе останат и корисниците од  улица број 22 во село Волково, во општина  Ѓорче Петров, а од 9:00 до 13:00 часот корисниците од улиците „Мирче Ацев“, „705“ и  дел од булеварот „Трета Македонска Ударна Бригада“ поточно корисниците во околината на објектот на Центарот за јавно здавје – Скопје, во општина Центар.

Од 9:00 до 15:00 часот без елекртична енергија ќе бидат и корисниците од улиците „Габреш“, „Христо Ботев“, „Ташко Караџа“ и „Лазар Поп Трајков“, во општина Гази Баба.

Би можело да ве интересира

Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 28 ноември изнесува 119,61 евра за мегават час, на МЕМО 118,90 евра за мегават час

Владата ќе продолжи со субвенционирањето на струјата за домаќинствата

Горан Наумовски

Лани 65,5 отсто од потребната енергија во земјава била обезбедена од увоз

ЕДС со нова промотивна понуда за секој обновен или нов договор за снабдување со електрична енергија

ЕДС Инфо поинт: Просечната цена на струјата на HUPX берзата за петок 3.10.2025 изнесува 95,10 евра за мегават час, на МЕМО 105,21 евра за мегават час

Неколку скопски општини без струја