Без струја викендов делови од Скопје и Скопско

Од:

Поради технички зафати во електросистемот без електрична енергија утре и задутре ќе останат делови од Бутел, Гази Баба, Илинден и Карпош.

Утре без електрична енергија во период од 7 до 12 часот ќе останат корисниците од дел од населбата Бутел, Љуботенски пат во општина Бутел и корисниците во селата Смиљковци, Црешево и Булачани во општина Гази Баба.

Во недела од 6:30 до 8:30 часот ќе останат дел од корисниците од дел од населеленото место Илинден во општина Илинден и  населеното место Јурумлери во општина Гази Баба. Во периодот од 8:30 до 15:30 часот ќе останат корисниците на дел од објектите во комплекс Св. Јован во  населба Злокуќани во општина Карпош.

Би можело да ве интересира

Лани 65,5 отсто од потребната енергија во земјава била обезбедена од увоз

ЕДС со нова промотивна понуда за секој обновен или нов договор за снабдување со електрична енергија

ЕДС Инфо поинт: Просечната цена на струјата на HUPX берзата за петок 3.10.2025 изнесува 95,10 евра за мегават час, на МЕМО 105,21 евра за мегават час

Неколку скопски општини без струја

Просечната цена на струјата на HUPX берзата за петок 5.9.2025 изнесува 110,76 евра за мегават час, на МЕМО 88,22 евра за мегават час

Електродистрибуција: Чекаме одобрение од противпожарната бригада за да пуштиме струја