Без струја в четврток делови од повеќе скопски општини

Од:

Поради технички зафати во елетро-мрежата, без електрична енергија утре ќе бидат делови од општините Илинден,  Ѓорче Петров, Бутел, Кисела Вода и Карпош, што информираат од РЦУК на Град Скопје.

Во време од 9 до 15 часот утре без струја ќе бидат дел од корисниците од населбата Илинден во општина Илинден, а од 8:30 до 15 часот ќе бидат дел од корисниците од улиците „Рафаило Батино“ и „Веле Марков“ во општина Ѓорче Петров.

Без струја утре од 8 до 11 часот ќе бидат дел од корисниците од улицата „Боца Иванова“ во општина Бутел, а од 8:30 до 17 часот ќе бидат корисниците од улиците „Улоф Палме“ и „Иван Козаров“ во општина Кисела Вода.

Во период од 8:30 до 10:30 часот утре без струја ќе бидат дел од корисниците од улицата „Џумајска“ во општина Карпош, а од 8:30 до 15 часот ќе бидат дел од корисниците од булеварот „Црвена Армија“ и улицата „Ѓорче Петров“ во општина Ѓорче Петров.

Без електрична енергија утре од 9 до 15 часот ќе бидат дел од корисниците од улиците „Чедомир Кантарџиев“ и „Неврокопска“ во општина Кисела Вода, а од 9 до 13:30 часот ќе бидат дел од корисниците  од улицата „Хелсинки“ и „Мексичка“ во општина Карпош.

Би можело да ве интересира

РКЕ: Отчитувањето на броилата зголемено на 95 отсто

Горан Наумовски

СДСМ: Поскапувањето на струјата е нов удар врз и така нискиот стандард на граѓаните

Горан Наумовски

Филипче: Струјата поскапе поради катастрофалното менаџирање на ВМРО-ДПМНЕ

Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 28 ноември изнесува 119,61 евра за мегават час, на МЕМО 118,90 евра за мегават час

Владата ќе продолжи со субвенционирањето на струјата за домаќинствата

Горан Наумовски

Лани 65,5 отсто од потребната енергија во земјава била обезбедена од увоз