Без струја в четврток дел од повеќе скопски општини

Од:

Поради изведување технички зафати во електромрежата без електрична енергија утре ќе останат делови од Ѓорче Петров, Карпош, Илинден, Зелениково и Сарај.

Без струја од 8:30 до 9:30 часот ќе бидат дел од корисниците од улица „Хераклеја“, а од 9 до 15 часот корисниците од подулиците „58“, „72“ и „80“ во село Волково во општина Ѓорче Петров.

Во време од 9:30 до 14 часот во четврток без елктрична енергија ќе бидат дел од  корисниците од улица „Банско“ во општина Кисела Вода, а во време од 8:30 до 12:30 часот корисниците од дел од населбата „Момин Поток“ во општина Карпош.

Без струја од 8:45 до 16 часот утре ќе бидат дел од корисниците од воените објекти на „Караџица“, селата Алдинци, Драчевица, Цветово, Црвена Вода, Палиград, Мала Река, Горно и Долно Количани, Вртекица  и Рамни Габер во општина Студеничани, а од 7 до 8 часот ќе бидат дел од корисниците од Живинарската фарма во населба „Илинден“ во општина Илинден.

Во период од 8:50 до 15 часот утре без струја ќе бидат дел од корисниците од викенд населбата „Јане Сандански“ и млекарницата „МАСКО“ во општина Зелениково.

Без електрична енергија утре од 10 до 14 часот ќе бидат корисниците од село Долна Матка, а во време од 10 до 15 часот ќе бидат корисниците од подулиците 12 и 15 во село Сарај и потегот кај основното училиште во општина Сарај.

Би можело да ве интересира

РКЕ: Отчитувањето на броилата зголемено на 95 отсто

Горан Наумовски

СДСМ: Поскапувањето на струјата е нов удар врз и така нискиот стандард на граѓаните

Горан Наумовски

Филипче: Струјата поскапе поради катастрофалното менаџирање на ВМРО-ДПМНЕ

Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 28 ноември изнесува 119,61 евра за мегават час, на МЕМО 118,90 евра за мегават час

Владата ќе продолжи со субвенционирањето на струјата за домаќинствата

Горан Наумовски

Лани 65,5 отсто од потребната енергија во земјава била обезбедена од увоз