Без струја утре улици од неколку скопски општини

Од:

Од ЕВН Македонија АД информираат дека утре без електрична енергија ќе останат некои улици во општините Аеродром, Кисела Вода, Петровец, Карпош и Сарај.

Во периодот од 07:30 до 12:00 часот, утре без струја ќе бидат корисниците од улиците Димитар Македонски, Кресна и 12 – та Македонска Бригада, во општина Аеродром.

Во општина Петровец во периодот од 08:30 до 14:00 часот, корисниците од селата Катланово, Брезница, Летевци и Градманци.

Без струја во периодот од 09:00 до 12:00 часот, дел од корисниците од ул. Иван Хаџи Николов во општина Кисела Вода.

Во периодот од 09:00 до 15:30 часот, дел од корисниците кај Матка, како и корисниците од селата Буковиќ, Раовиќ, Грчец, Семениште, Арнакија и Паничари, општина Сарај.

Дел од корисниците од ул. Никола Кљусев, градилиштето за хотел Мериот како и туристичките агенции до УНИ Банка, општина Центар, ќе останат без струја во периодот од 09:30 до 11:00 часот,

Во периодот од 11:00 до 13:00 часот, без струја ќе останат дел од корисниците од ул. Крчин, општина Карпош.

Би можело да ве интересира

РКЕ: Отчитувањето на броилата зголемено на 95 отсто

Горан Наумовски

СДСМ: Поскапувањето на струјата е нов удар врз и така нискиот стандард на граѓаните

Горан Наумовски

Филипче: Струјата поскапе поради катастрофалното менаџирање на ВМРО-ДПМНЕ

Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 28 ноември изнесува 119,61 евра за мегават час, на МЕМО 118,90 евра за мегават час

Владата ќе продолжи со субвенционирањето на струјата за домаќинствата

Горан Наумовски

Лани 65,5 отсто од потребната енергија во земјава била обезбедена од увоз