Без струја утре повеќе делови од Скопје

Од:

Без електрична енергија утре од 6:30 до 7:30 часот ќе останат корисниците од улицата „Благоја Стефковски“, објектите во близина на КАМ маркет во општина Гази Баба. Од 9:30 до 10:30 часот, пак, без струја ќе бидат дел од корисниците од улицата „Благоја Стефковски“ и објектите во близина на коњичкиот клуб „Хиподром“.

Во периодот од 8:00 до 15:00 часот утре без струја ќе бидат корисниците од улицата „166“ во населба Крњево, а од 8:30 до 13:00 часот дел од корисниците од улицата „Иван Козаров“, броевите 45 и 47 и околните објекти во општина Кисела Вода.

Без струја утре од 9:00 до 12:00 часот ќе останат корисниците од улицата „Марко Орешковиќ“, а од 9:00 до 14:00 часот корисниците од населбата Козле, подулица со бр.2.

Во периодот од 9:00 до 13:00 часот без струја ќе бидат дел од корисниците од населба Стопански Двор, во близина на „Галафарм“, а од 9:00 до 14:30 часот корисниците од село Цветово.

Како што соопшти денеска РЦУК- Скопје, прекините се поради технички зафати во електродистрибутивната мрежа.

Би можело да ве интересира

Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 28 ноември изнесува 119,61 евра за мегават час, на МЕМО 118,90 евра за мегават час

Владата ќе продолжи со субвенционирањето на струјата за домаќинствата

Горан Наумовски

Лани 65,5 отсто од потребната енергија во земјава била обезбедена од увоз

ЕДС со нова промотивна понуда за секој обновен или нов договор за снабдување со електрична енергија

ЕДС Инфо поинт: Просечната цена на струјата на HUPX берзата за петок 3.10.2025 изнесува 95,10 евра за мегават час, на МЕМО 105,21 евра за мегават час

Неколку скопски општини без струја