Без струја утре повеќе делови на Скопје

Од:

Без електрична енергија утре од 8:30 до 15:00 часот ќе останат корисниците од дел од улиците „Пајак“, „Аминта Трети“, „Јордан Хаџи Константинов Џинот“, „Ристо Шишков“ и „8-ми Март“ во општина Центар.

Од 8:30 до 10:30 часот без струја ќе биде и дел до улица „Бел Камен“ и „Козара“ во општина Центар.

Како што соопшти регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, прекинот е заради изведување на технички зафати во електро-системот.

Од 9:00 до 14:30 часот утре без струја ќе биде и реонот околу Саат кулата, во општина Чаир. Без струја од 10:00 до 12:00 часот ќе останат и дел од корисниците од улиците 1552 бб, Визбегово, фирма „ТехносМонт“ и една фирма околу нив во општина Бутел.

Без напон утре од 9:30 до 14:00 часот ќе биде улица 100, во Ново Село, во општина Ѓорче Петров. Од 8:30 до 12:30 часот без струја ќе биде „ПМ Маркет“ на главна улица кон село Миладиновци, како и улиците 9 и 8 во општина Илинден.

Задутре од 9:00 до 14:30 часот без напон ќе биде реонот околу Саат кулата во општина Чаир. Дел од корисниците од село Мршевци, цело село Бујковци и Телеком во општина Илинден, без струја ќе бидат од 8:30 до 13:00.

Од 9:00 до 11:00 часот на 15 јануари ќе бидат и корисниците од дел од улиците „Диме Аницин“, „Роза Луксембург“, „Васил Антевски“ и корисниците од  „9-ми Мај“ во општина Центар.

Би можело да ве интересира

Французите ја намалуваат цената на струјата за 10 отсто

Предраг Петровиќ

РЕС нуди до 40 отсто пониски цени на струја од моменталните на пазарот

Горан Наумовски

ДУИ: Владата на нетранспарентен начин ја зголемила цената на струјата за компаниите

Делови од Аеродром, Арачиново и Гази Баба вечер без струја

Будва остана без струја

Горан Наумовски

РКЕ: Цената на струјата за најголемиот дел од потрошувачите од домаќинствата поскапува за 0,5 отсто

Горан Наумовски