Без струја утре повеќе делови на Скопје

Од:

Без електрична енергија утре од 09:00 до 15:00 часот ќе бидат корисниците од булеварот „Александар Македонски“ кај натпатникот со булеварот „Киро Глигоров“, булеварот „Киро Глигоров“ кај Железара, како и улицата „Јани Лукровски“ зад СП маркет, во општина Гази Баба.

Како што соопшти Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, заради закажани технички зафати, без електрична енергија во периодот од 09:00 до 15:00 часот ќе останат и корисниците од Кланица, Бетон Скрепер, Славија, ТВ 24 вести, булевар „Киро Глигоров“ Тинекс, ТВ Нова, улиците 518 и 519 во Ќерамидница, Рокен Рол – Керамидница, булевар „Киро Глигоров“, Нептун и Бриколаж, во општина Гази Баба.

Во периодот од 10:00 до 14:00 часот без струја ќе бидат корисниците од дел од улица „Мавровска“, додека од 09:00 до 14:00 часот корисниците од дел од улица „Андон Кецкаров“ како и дел од улица „Моцартова“, во општина Ѓорче Петров.

Без струја во периодот од 09:00 до 15:00 часот ќе останат корисниците од дел од улиците „Брсјачка буна“, „Пелагонија“ и „Злетовска“, во општина Шуто Оризари.

Во периодот од 09:00 до 15:00 часот без струја ќе бидат корисниците од дел од село Глумово, во општина Сарај.

Без електрична енергија во периодот од 12:00 до 14:00 часот ќе бидат корисниците од дел од улица „Гаврил Константиновиќ“, во општина Аеродром.

Во периодот од 08:30 до 10:30 часот без напон ќе бидат корисниците од дел од улиците „Ѓорче Петров“, „Смолјани“, „Сагудати“ како и дел од „Пробиштипска“, без струја во периодот од 11:00 до 12:30 часот ќе бидат корисниците од дел од улиците „Крсте Гермов“, „Тодор Циповски“, „Александар Муртулков“, и дел од „Лихнид“, додека од 13:00 до 15:00 часот корисниците од дел од улиците „Козара“, „Виа Егнатиа“ и дел од „Ѓуро Салај“, во општина Ѓорче Петров.

Би можело да ве интересира

Не гледам причина за каква било промена на цената на струјата, вели Бислимовски

Шпанија и Португалија останаа без електрична енергија

Македонија има стабилен електро преносен систем, тврди Љатифи

ЕДС со нов менаџмент и нови иновативни пакети за снабдување со електрична енергија

ЕДС Инфо поинт: Просечната цена на струјата на HUPX берзата за денеска изнесува 83,02 евра за мегават час, на МЕМО 87,77 евра за мегават час

Снема струја во Порторико