Без струја утре повеќе делови на Скопје

Од:

Без електрична енергија утре од 08:30 до 15:00 часот ќе останат корисниците од реон Момин Поток, додека од 08:30 до 10:30 корисниците на дел од улиците „Анкарска“, „Дрезденска“ и „Римска“, во општина Карпош.

Како што соопшти Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, од 08:30 до 12:00 часот без струја ќе бидат и корисниците на дел од улиците „Македонска Преродба“, „Борис Сарафов“ и „Знеполе“, во општина Ѓорче Петров.

Од 08:30 до 11:00 часот без електрична енергија ќе останат корисниците од улиците „Блажо Орландиќ“, „Црноризец Храбар“, делови од улицата „Лавчанска Корија“, улица 1616, бензиската станица на Макпетрол и делови од улица „Димитар Македонски“, во општина Аеродром.

Без струја од 10:00 до 13:00 часот ќе бидат и корисниците на дел од улица „Дете Татуличе“, „Ѓорѓи Андреевиќ-Кун“, „Ернест Телман“ и „Зборска“, во општина Аеродром.

Би можело да ве интересира

Лани 65,5 отсто од потребната енергија во земјава била обезбедена од увоз

ЕДС со нова промотивна понуда за секој обновен или нов договор за снабдување со електрична енергија

ЕДС Инфо поинт: Просечната цена на струјата на HUPX берзата за петок 3.10.2025 изнесува 95,10 евра за мегават час, на МЕМО 105,21 евра за мегават час

Неколку скопски општини без струја

Просечната цена на струјата на HUPX берзата за петок 5.9.2025 изнесува 110,76 евра за мегават час, на МЕМО 88,22 евра за мегават час

Електродистрибуција: Чекаме одобрение од противпожарната бригада за да пуштиме струја