Без струја утре делови од општините Центар и Карпош

Од:

Поради изведување технички зафати во дистрибутивната електроенергетска мрежа, утре без снабдување со струја ќе останат корисниците од општините Центар и Карпош, информираат од РЦУК по добиено известување од ЕВН АД Македонија.

Во периодот од 08:00 до 11:30 часот без струја ќе останат дел од корисниците од ул. „Иван Милутиновиќ“ објектите со бр. 10 и бр. 12 (позади ТЦ Буњаковец) и во периодот од 11:45 до 15:00 часот корисниците од ул. „Илинденска“ бр. 68 и дел од ул.„8 Март“, објектите со бр. 8, 8а, 10, 11 и 13 во Општина Центар.

Без снабдување со струја од 09:00 до 12:00 часот утре ќе бидат и корисниците од ул. „Ристо Равановски“ бр.36 во Општина Карпош.

Би можело да ве интересира

Лани 65,5 отсто од потребната енергија во земјава била обезбедена од увоз

ЕДС со нова промотивна понуда за секој обновен или нов договор за снабдување со електрична енергија

ЕДС Инфо поинт: Просечната цена на струјата на HUPX берзата за петок 3.10.2025 изнесува 95,10 евра за мегават час, на МЕМО 105,21 евра за мегават час

Неколку скопски општини без струја

Просечната цена на струјата на HUPX берзата за петок 5.9.2025 изнесува 110,76 евра за мегават час, на МЕМО 88,22 евра за мегават час

Електродистрибуција: Чекаме одобрение од противпожарната бригада за да пуштиме струја