Без струја утре делови од Кисела Вода, Аеродром и Ѓорче Петров

Од:

Заради технички зафати во дистрибутивната електро мрежа утре без струја ќе останат дел од корисниците од општините Кисела Вода, Аеродром и Ѓорче Петров, соопштуваат од РЦУК – Скопје.

Од 9:30 до 12:30 часот без струја ќе останат корисниците од булевар „Борис Трајковски“ б.б. објект на ГРАНД ЕКСПОРТ и ДЕОН АС во кругот на поранешна стаклара и другите објекти во непосредна близина во општина Кисела Вода.

Во периодот од 8:30 до 12:30 часот без струја ќе бидат улица „Сава Динкова“ во населба Драчево во општина Кисела Вода, од 9:00 до 14:00 часот дел од улицата со број 1 во село Љубин, во општина Кисела Сарај, од 8:30 до 15:00 часот улицата„Тодор Чангов“ во општина Аеродром, а од 9:00 до 14:00 часот дел од улицата „Ѓорче Петров“ во општина Ѓорче Петров.

Би можело да ве интересира

РКЕ: Отчитувањето на броилата зголемено на 95 отсто

Горан Наумовски

СДСМ: Поскапувањето на струјата е нов удар врз и така нискиот стандард на граѓаните

Горан Наумовски

Филипче: Струјата поскапе поради катастрофалното менаџирање на ВМРО-ДПМНЕ

Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 28 ноември изнесува 119,61 евра за мегават час, на МЕМО 118,90 евра за мегават час

Владата ќе продолжи со субвенционирањето на струјата за домаќинствата

Горан Наумовски

Лани 65,5 отсто од потребната енергија во земјава била обезбедена од увоз