Без струја утре делови од Карпош, Центар и Кисела Вода

Од:

Без електрична енергија поради закажани технички зафати во системот утре ќе останат делови од скопските општини Карпош, Центар и Кисела Вода.

Во периодот од 8:30 до 12:30 часот без струја ќе бидат корисниците од делови од улиците Варшавска, Париска и Букурешка, од 9:00 до 14:00 часот корисниците од Булеварот „Партизански Одреди“ бр 99 и Универзитетот за туризам, од 10:00 до 13:30 часот корисниците од дел од Бул. „Митрополит Теодосиј Гологонав“ од бр. 1 до бр. 98 и делови од улиците „Осло“ и „Бањалучка“, од 9:00 до 14:00 часот корисниците од делови од улиците „Ринхини Франц Розман“ и „Езерци“ и од 11:00 до 12:00 часот корисниците од дел од ул. „Стогово“, во Општина Карпош.

Во Општина Центар од 8:00 до 10:00 часот без струја ќе останат жителите од малите броеви на ул. „Козара“, од 9:00 до 15:00 часот корисниците од ул. „Партениј Зографски“ бр. 44 и 48 и Бул. „Тодор Александров“ 5, 7 и 9, од 9:00 до 10:00 часот корисниците од Бул. „Тодор Александров“ – од Тасино Чешмиче до училиштето „Кочо Рацин“ и од 9:00 до 12:00 часот корисниците од ул. „Васил Ѓоргов“, во околината на објектот на Жито Лукс и околните улички.

Во Кисела Вода од 8:30 до 13:30 часот без струја ќе бидат корисниците од ул. „Св. Наум Охридски“ и „Ениџевардарска“, а од 9:00 до 11:30 часот корисниците од ул. 1438 и ул. 1439 вом населбата Пинтија.

Би можело да ве интересира

Лани 65,5 отсто од потребната енергија во земјава била обезбедена од увоз

ЕДС со нова промотивна понуда за секој обновен или нов договор за снабдување со електрична енергија

ЕДС Инфо поинт: Просечната цена на струјата на HUPX берзата за петок 3.10.2025 изнесува 95,10 евра за мегават час, на МЕМО 105,21 евра за мегават час

Неколку скопски општини без струја

Просечната цена на струјата на HUPX берзата за петок 5.9.2025 изнесува 110,76 евра за мегават час, на МЕМО 88,22 евра за мегават час

Електродистрибуција: Чекаме одобрение од противпожарната бригада за да пуштиме струја