Без струја утре делови од Карпош, Аеродром, Ѓорче Петров и Студеничани

Од:

Без струја утре ќе останат делови од општините Студеничани, Карпош, Ѓорче Петров и Аеродром, соопшти Регионалниот центар за управување со кризи повикувајќи се на информација од ЕВН Македонија.

Од 08:30 до 12 часот без електрична енергија ќе бидат дел од корисниците од селото Студеничани, во околината на Бурдем Пластик и спроти бензинската на влезот од селото, а од 10:30 часот до 15 часот дел од жителите во селото Кучково во општина Ѓорче Петров.

Дел од улицата Скупи во Злокуќани и дел од подулиците 12,14, 20 и 22 во општина Карпош ќе бидат без струја од 08:30 до 11:30 часот, додека во периодот од 9 до 15 часот дел од корисниците од улицата Миле Поп Јорданов зграда бр. 72. Во општина Карпош поточно дел од улицата Букурешка ќе биде без струја од 09:30 до 12 часот.

Во периодот од 09:30 до 10:30 часот без напојување со електрична енергија ќе останат дел од корисниците од местото викано Барутница и зад Црквата.

Би можело да ве интересира

Лани 65,5 отсто од потребната енергија во земјава била обезбедена од увоз

ЕДС со нова промотивна понуда за секој обновен или нов договор за снабдување со електрична енергија

ЕДС Инфо поинт: Просечната цена на струјата на HUPX берзата за петок 3.10.2025 изнесува 95,10 евра за мегават час, на МЕМО 105,21 евра за мегават час

Неколку скопски општини без струја

Просечната цена на струјата на HUPX берзата за петок 5.9.2025 изнесува 110,76 евра за мегават час, на МЕМО 88,22 евра за мегават час

Електродистрибуција: Чекаме одобрение од противпожарната бригада за да пуштиме струја