Без струја утре делови од Карпош

Од:

Без електрична енергија утре ќе бидат повеќе делови од општина Карпош, соопштија од Регионалниот центар за управување со кризи.

Во периодот од 8:30 до 10:30 часот без струја ќе бидат дел од корисниците од улиците Атинска, Дамаска, Букурешка, Варшавска, Лондонска, Невеска, Волгоградска, Разловечко Востание, Воденска, Прашка, како и дел од корисниците од булевар Митрополит Теодосиј Гологанов.

Без напојување со електрична енергија во периодот од 9:00 до 13:00 часот ќе бидат корисниците од улицата Софиска бр.32 и корисниците од улицата Дамаска од бр.01 до бр.13.

Од РЦУК информираат и дека во периодот од 11:00 до 12:30 часот без струја ќе бидат дел од корисниците од улиците Багдадска, Анкарска, Московска, Осло, Урош Џудовиќ, Пелистерска, Струма, Париска, Варшавска, Ташкентска, Прашка, Иван Милутиновиќ, Букурешка, како и дел од корисниците од булеварот Митрополит Теодосиј Гологанов.

Во периодот 13:00 до 15:00 часот, прекин во снабдувањето со струја дел од корисниците од улиците Дрезденска, Стокхолмска, Бриселска, Женевска, Ристо Равановски, Атинска, Багдадска, Борка Талески, Анкарска, Пелистерска, Љубљанска, Струма, Манапо, Никола Русински, Карпошево Востание, како и дел од корисниците од булеварот Октомвриска Револуција.

Би можело да ве интересира

Лани 65,5 отсто од потребната енергија во земјава била обезбедена од увоз

ЕДС со нова промотивна понуда за секој обновен или нов договор за снабдување со електрична енергија

ЕДС Инфо поинт: Просечната цена на струјата на HUPX берзата за петок 3.10.2025 изнесува 95,10 евра за мегават час, на МЕМО 105,21 евра за мегават час

Неколку скопски општини без струја

Просечната цена на струјата на HUPX берзата за петок 5.9.2025 изнесува 110,76 евра за мегават час, на МЕМО 88,22 евра за мегават час

Електродистрибуција: Чекаме одобрение од противпожарната бригада за да пуштиме струја