Без струја утре делови од Драчево, Хиподром, Центар, Тафталиџе, Кучково и Грачани

Од:

Корисниците од улица „Дреновска Клисура“ во населба Драчево во Општина Кисела Вода утре ќе немаат струја од 8 до 12 часот, соопшти РЦУК – Скопје по известување од „ЕВН Македонија“ АД.

Од 9 до 12 часот утре без електрична енергија ќе бидат корисниците од улиците „Пехчевска“ и „Париска комуна“ и дел од улицата „Валандовска“ во населбата Хиподром во Оптина Гази Баба, а од 9 до 15.30 часот и корисниците од селата Кучково и Грачани во општина Ѓорче Петров.

Од 10 до 14 часот струја ќе немаат и корисниците од улица „Тодор Александров“ лоцирани на потегот од ОУ „Кочо Рацин“ до маркет „Водно“ во Центар, а од 12 до 14 часот дел од корисниците од улиците „Багдадска“, „Дрезденска“, „Рузвелтова“, „Борка Талески“ и „Ристо Равановски“ во населбата Тафталиџе во Општина Карпош.

Би можело да ве интересира

РКЕ: Отчитувањето на броилата зголемено на 95 отсто

Горан Наумовски

СДСМ: Поскапувањето на струјата е нов удар врз и така нискиот стандард на граѓаните

Горан Наумовски

Филипче: Струјата поскапе поради катастрофалното менаџирање на ВМРО-ДПМНЕ

Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 28 ноември изнесува 119,61 евра за мегават час, на МЕМО 118,90 евра за мегават час

Владата ќе продолжи со субвенционирањето на струјата за домаќинствата

Горан Наумовски

Лани 65,5 отсто од потребната енергија во земјава била обезбедена од увоз