Без струја утре делови од Центар, Студеничани, Аеродром и Кисела Вода

Од:

Заради технички зафати без електрична енергија утре ќе бидат делови од општините Центар, Студеничани, Аеродром и Кисела Вода, информираат од РЦУК Скопје.

Од 8:30 до 13:00 без струја ќе бидат дел од корисниците на ул. „Филип Втори Македонски“, поточно Градилиште ДГ„Бетон“, аптека „Зегин“ и околните објекти околу аптеката во општина Центар. Од 9:30 до 15:00 дел од „Викенд населбата Маркова Сушица“ во општина Студеничани, а од 13:00 до 15:00 дел од улиците „Фрањо Клуз“ и „Пандил Шишков“ во општина Аеродром.

Без струја од 9:00 до 15:00 ќе бидат и дел од ул. „Мајаковски“, „Франклин Рузвелт“ од бр. 34 до бр. 52, ул. „Црвена Вода“, ул. „Благој Давков“ и ул. „Дане Крапчев“ во општина Центар, а од 13:00 до 15:00, во населба „Драчево“ – улиците „Иван Тургењев“, „Жарико Митровиќ“, (кај Поли), „Стара Новакин“, „Димитар Гуштанов“, „Дреновска“ и ул. „Ужичка Република“ во општина Кисела Вода.

Би можело да ве интересира

Лани 65,5 отсто од потребната енергија во земјава била обезбедена од увоз

ЕДС со нова промотивна понуда за секој обновен или нов договор за снабдување со електрична енергија

ЕДС Инфо поинт: Просечната цена на струјата на HUPX берзата за петок 3.10.2025 изнесува 95,10 евра за мегават час, на МЕМО 105,21 евра за мегават час

Неколку скопски општини без струја

Просечната цена на струјата на HUPX берзата за петок 5.9.2025 изнесува 110,76 евра за мегават час, на МЕМО 88,22 евра за мегават час

Електродистрибуција: Чекаме одобрение од противпожарната бригада за да пуштиме струја