Без струја утре делови од Центар, Шуто Оризари, Петровец и Чаир

Од:

Без електрична енергија утре ќе бидат делови од општините Центар, Шуто Оризари, Петровец и Чаир.

Од 9 до 15 часот без струја ќе бидат дел од корисниците од улиците „Партениј Зографски“, „Салвадор Аљенде“ и „Периша Савељиќ“ во општина Центар.

Од 8:30 до 13 часот струја ќе немаат корисниците од „Макошпед“ – Шуто Оризари и бетонара „ЈОСИНГ“ во општина Шуто Оризари.

Без струја од 8:30 до 13 часот ќе бидат дел од корисниците од селата Дивље, Сушица, Живиње, Горно Коњари, Средно Коњари, Долно Коњари и Чифлик во општина Петровец, а од 9 до 15 часот и корисниците од улицата „Дижонска“ – подулица „13“ во општина Чаир.

Како што информираше Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје,  прекинот е поради технички зафати во електромрежата.

Би можело да ве интересира

Шпанија и Португалија останаа без електрична енергија

Македонија има стабилен електро преносен систем, тврди Љатифи

ЕДС со нов менаџмент и нови иновативни пакети за снабдување со електрична енергија

ЕДС Инфо поинт: Просечната цена на струјата на HUPX берзата за денеска изнесува 83,02 евра за мегават час, на МЕМО 87,77 евра за мегават час

Снема струја во Порторико

Во јануари 69,7 отсто од потрошената струја од домашно производство