Без струја утре делови од Центар, Кисела Вода и Илинден

Од:

Без електрична енергија утре ќе останат делови од општините Центар, Кисела Вода и Илинден.

Регионалниот центар за управување со кризи, повикувајќи се на известување од ЕВН Македонија, соопшти дека од 8 до 10 часот без струја ќе бидат дел од корисниците од улицата „Никола Вапцаров“ во општина Центар.

Од 8 до 16 часот без струја ќе останат дел од жителите од улиците „Димитар Гуштанов“, „Стари Новакина“, „Ризо Ризов“, „Антон Димитров“, „Јанко Мишиќ“ и „Дреновска Клисура“, како и улиците „Иван Хаџи Николов“, „Димитрија Чуповски“, „Киро Фетак“, „Радое Дакиќ“ и „Ужичка Република“ во општина Кисела Вода.

Дел од селата Кадино и Марино, населеното место Бела Земја, како и објектите на Т – мобиле во Марино, ЗИК Пумпа, млин Кадино и Мак Инвест во општина Илинден ќе бидат без струја од 08:25 до 14 часот.

Би можело да ве интересира

РКЕ: Отчитувањето на броилата зголемено на 95 отсто

Горан Наумовски

СДСМ: Поскапувањето на струјата е нов удар врз и така нискиот стандард на граѓаните

Горан Наумовски

Филипче: Струјата поскапе поради катастрофалното менаџирање на ВМРО-ДПМНЕ

Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 28 ноември изнесува 119,61 евра за мегават час, на МЕМО 118,90 евра за мегават час

Владата ќе продолжи со субвенционирањето на струјата за домаќинствата

Горан Наумовски

Лани 65,5 отсто од потребната енергија во земјава била обезбедена од увоз