Без струја утре дел од повеќе скопски општини

Од:

Поради технички зафати во електро- мрежата утре без напојува со електрична енергија ќе останат дел од општините Кисела Вода, Гази Баба, Студеничани, Карпош, Ѓорче Петров, Чаир и Аеродром, како што информираа од РЦУК на Град Скопје.

Од 8:30 до 11:30 часот утре без струја ќе бидат дел од корисниците од улицата „Лазар Димитров“, од 8:30 до 12:30 часот ќе бидат корисниците од улицата „Христо Татарчев“, поранешна „Сава Ковачевиќ“, подулици 1, 3 и 5 во општина Кисела Вода. Без струја од 8:45 до 14 часот ќе бидат дел од корисниците од улицата „Анри Барбис“ околу Црквата во општина Гази Баба.

Без електручна енергија од 9 до 11 часот ќе бидат дел од корисниците од село Батинци, десно од главниот влез во селото во општина Студеничани, а од 9 до 14 часот ќе бидат дел од корисниците од улицата „Скупи“ под улиците „3а“ и „5а“ во општина Карпош . Од 9 до 14:30 часот  без струја ќе бидат дел од корисниците од улиците „Мијачка“, „Борис Сарафов“ и „Анастас Коцарев“ во општина Ѓорче Петров.

Во период од 9 до 15 часот  без струја ќе бидат дел од корисниците од улицата „Војдан Чернодрински“, Полициска Станица Бит Пазар, дел од улицата „Рифат Бурџевиќ“ и дел од улицата „Дрварска“ во општина Чаир, а од 9:15 до 15 часот ќе бидат објектите околу од Милениумскиот Крст, Предавателите на врвот Водно, Поштенски Дом Водно, Жичара Водно, Етно Село и корисниците од Долно и Горно Нерези во општина Карпош.

Без струја  од 10 до 12 часот ќе бидат дел од корисниците од булевар „АСНОМ“ бр. 14, 16 и 18, а од 12 до 14 часот ќе бидат дел од корисниците од бул. „АСНОМ“ бр. 20, 24, 26, 28 и 32 во општина Аеродром.

Би можело да ве интересира

Лани 65,5 отсто од потребната енергија во земјава била обезбедена од увоз

ЕДС со нова промотивна понуда за секој обновен или нов договор за снабдување со електрична енергија

ЕДС Инфо поинт: Просечната цена на струјата на HUPX берзата за петок 3.10.2025 изнесува 95,10 евра за мегават час, на МЕМО 105,21 евра за мегават час

Неколку скопски општини без струја

Просечната цена на струјата на HUPX берзата за петок 5.9.2025 изнесува 110,76 евра за мегават час, на МЕМО 88,22 евра за мегават час

Електродистрибуција: Чекаме одобрение од противпожарната бригада за да пуштиме струја