Без струја утре дел од Илинден, Кисела Вода, Сопиште и Аеродром

Од:

Дел од корисниците на општина Илинден, Кисела Вода, Сопиште и Аеродром утре ќе останат без електрична енергија, соопшти РЦУК Скопје.

Според известувањето од ЕВН Македонија без електрична енергија во периодот од 08.00 до 15.30 часот, ќе останат корисниците од село Ајватовци, Бунарџик како и објектите на Интергрос, Завар, Амајлија и Гранд Дискотека во општина Илинден, од 08.00 до 15.30 часот, дел од корисниците од бул. Борис Трајковски, градилиштето Адора, дел од корисниците од ул. Иван Козаров – фирмите кај Тутунски Комбинат, како и дел од корисниците од улиците Балканска и Жил Верн во општина Кисела Вода, од 08.30 до 15.00 часот, корисниците од село Долно Соње, поточно од местото Брзовец на пат кон село Говрлево во општина Сопиште и од 09.00 до 11.00 часот, корисниците од ул. Анастас Митрев бр.1, 3 и 5, како и магацинот на картонажа лоциран во нивна близина во општина Аеродром.

Би можело да ве интересира

ЕДС Инфо поинт: Просечната цена на струјата на HUPX берзата денеска изнесува 95,91 евра за мегават час, на МЕМО 86,07 евра за мегават час

Поради пожар, дел од Чаир, Бутел и Железара се без струја

ЕДС Инфо поинт: Просечната цена на струјата на HUPX берзата за петок 04.07.2025 изнесува 105,75 евра за мегават час, на МЕМО 98,92 евра за мегават час

ЕДС Инфо поинт: Просечната цена на струјата на HUPX берзата за петок 13.06.2025 изнесува 76,42 евра за мегават час, на МЕМО 76,27 евра за мегават час

Паметна енергетска одлука за вашиот бизнис – новите решенија од ЕДС

Не гледам причина за каква било промена на цената на струјата, вели Бислимовски