Без струја утре дел од Центар, Карпош, Чаир и Студеничани

Од:

Дел од општините Центар, Карпош, Чаир и Студеничани утре, во различни периоди од денот, ќе останат без електрична енергија.

Како што соопшти Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, прекините се поради технички зафати во електросистемот

Струја нема да имаат: од 9 до 11 часот корисниците на булевар „Партизански Одреди“, од 11 до 12 часот корисниците на дел од улиците Жданец и Нерешка, како и дел од населбата Жданец, од 9 до 14:30 корисниците на дел од Дуќанџик, како и дел  од Стара Чаршија, од 10 до 13 часот корисниците на дел од улиците 1616, 1612, 1336, како и од улицата Гаврил Константинович, од 9:30до 14 часот корисниците од булевар „Партизански Одреди“, улиците 4, 5 и 6, од 9:30 до 14:30 корисниците на улицата Коста Веселинов, дел од улицата Орце Николов, на потегот од Ленинова кон булевар Св.Климент Охридски, од 9:30 до 15 часот корисниците од булевар „8 Септември“ кај мостот на реката Серава и од 8:30 до 14:30 корисниците од селата Батинци, Љубош, делот спроти ресторантот Беровиќ.

Би можело да ве интересира

Во дел од штипските населби проблеми со снабдувањето со струјата

АД ЕСМ: Набавуваме електрична енергија поради нискиот хидропотенцијал

Куба повторно остана без струја

Горан Наумовски

Мицкоски: Не очекувам да има турбуленции и позначителни потреси на пазарот со електрична енергија во земјава

Французите ја намалуваат цената на струјата за 10 отсто

Предраг Петровиќ

РЕС нуди до 40 отсто пониски цени на струја од моменталните на пазарот

Горан Наумовски