Без струја повеќе скопски улици и села

Од:

Без струја утре од 8:30 до 16:30 ќе останат корисниците од булеварот „Јане Сандански“ броевите 107, 105 и 93 во општина Аеродром.

Како што соопшти Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, поради технички зафати во електро-системот, без електрична енергија од 2:30 до 5:30 часот ќе останат корисниците од сите населени места во опшина Сарај, како и селата Кучково и Чашка, од 8:30 до 14 часот корисниците од дел од улицата Козле 1 и дел од населбата Средно Нерези, од 8:30 до 14:30 часот корисниците од дел од селото Љубош.

Без струја од 9 до 11:30 часот ќе бидат корисниците од дел од улиците „Ацо Караманов“, „Периша Савалиќ“, „Питу Гули“, „Салвадор Аљенде“ и дел од улицата „Партение Зографски“, од 9:30 до 15 часот корисниците од улицата „Метохиска“, „Индира Ганди“ и Гвадалхара, од 9:30 до 15 часот корисниците од ул. „4 – ти Јули“ од бр. 143 до бр. 157,  од 9 до 14:30 часот корисниците од дел од улиците „Антоние Грубишиќ“ и „Коле Неделковски“, од 9 до 14:30 часот корисниците од дел од Стара Чаршија и дел од Дуќанџик, од 10 до 14 часот корисниците од улиците Кленоец бр. 33 и „Владимир Каваев“ бр. 32 и од 11 до 15 часот корисниците од дел од улиците „Злате Михајловски“, „Ибе Паликуќа“ и „Војин Драшковиќ“.

Би можело да ве интересира

РКЕ: За трговија и снабдување со струја ќе треба гаранција од 100.000 евра

Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 26 февруари 2026 изнесува 87,06 евра за мегават час, на МЕМО 41,27 евра за мегават час

РКЕ: Отчитувањето на броилата зголемено на 95 отсто

Горан Наумовски

СДСМ: Поскапувањето на струјата е нов удар врз и така нискиот стандард на граѓаните

Горан Наумовски

Филипче: Струјата поскапе поради катастрофалното менаџирање на ВМРО-ДПМНЕ

Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 28 ноември изнесува 119,61 евра за мегават час, на МЕМО 118,90 евра за мегават час