Без струја повеќе скопски општини

Од:

Заради технички зафати во електро-системот утре без електрична енергија ќе останат делови од повеќе скопски општини.

Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје соопшти дека од 8:30 до 14:30 часот без струја ќе бидат корисниците од  улицата „Боро Менков“ и околните улици. Од 11 до 14 часот дел од  улицата „Ѓорче Петров“, позади бензинската пумпа на „Макпетрол“, од 9:30 до 15 часот, дел од  улицата „Чучер Сандево“ и стариот дел во село Горњање, а од 9 до 15 часот улицата „10“ во село Љубин.

Без струја во периодот од 8:30 до 10 часот ќе бидат  корисниците од селата Булачани и Винице, а до 10:30 улиците „Шумадиска“, „Рајко Жинсифов“, „Киро Крстевски Платник“, „29-ти Ноември“. Во периодот од 10 до 14 прекин ќе има на улиците „Пелагонија“ и „Шуто Оризари“, од 8:30 до 14:30 часот улицата „Перо Наков“ во населбата Керамидница, а од 9 до 16 часот, корисниците од селата Живиње, Чивич, Алем Компани, Коњариња, Дивле и Сушица.

Би можело да ве интересира

РКЕ: Отчитувањето на броилата зголемено на 95 отсто

Горан Наумовски

СДСМ: Поскапувањето на струјата е нов удар врз и така нискиот стандард на граѓаните

Горан Наумовски

Филипче: Струјата поскапе поради катастрофалното менаџирање на ВМРО-ДПМНЕ

Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 28 ноември изнесува 119,61 евра за мегават час, на МЕМО 118,90 евра за мегават час

Владата ќе продолжи со субвенционирањето на струјата за домаќинствата

Горан Наумовски

Лани 65,5 отсто од потребната енергија во земјава била обезбедена од увоз