Без напојување со електрична енергија утре ќе останат жители од повеќе општини, соопшти Регионалниот центар за управување со кризи.
Во периодот од 8:00 до 18:00 часот, без струја ќе останат сите стопански објекти во кругот на поранешната фабрика Стаклара, во општина Кисела Вода.
Од 8:30 до 11:30 часот без струја ќе бидат дел од корисниците од село Љубош – место викано Врапче, општина Студеничани, како и корисниците од ул. 9 – ти Мај, општина Центар.
Во периодот од 8:30 до 12:00 часот, без напојување со електрична енергија ќе бидат корисниците лоцирани на бул. Крсте Мисирков во стариот објект на Центро (Туркиш Донер, Мега Фешн, Хедер Фешн и останати корисници во истите објекти ) и Сенатор во општина Чаир.
Од 9:00 до 10:00 часот, без струја ќе бидат корисниците од село Долна Арнакија, во општина Сарај.
Во периодот од 9:00 до 15:00 часот, корисниците од улиците Нов Живот, Дринска и Виничка, во општина Шуто Оризари, како и корисниците од улиците Чаирска и Цветан Димов – зад Донер Хамза, во општина Чаир.
Од 9:00 до 16:00 часот без струја ќе бидат корисниците од Капан – Ан Чаршија, од 9:30 до 13:00 часот, дел од корисниците од село Мирковци, општина Чучер Сандево, од 10:30 до 14:00 часот корисниците од место викано Чардак – Чучер Сандево, од 12:00 до 14:00 часот, корисниците од ул.22 во Сопиште.