Без електрична енергија утре ќе останат дел од корисниците во општините Карпош, Центар, Кисела Вода и Сопиште.
Во периодот од 08:30 до 15:00 часот ќе останат без електричан енергија корисниците од фирмата Интер Ал-Пин, фирма ВБИ БУС Македонија како и дел од населбата Качанички пат, од 09:00 до 12:00 часот корисниците од потегот од ТК Југ до кафаната Вршац и дел од Градски Парк, од 09:00 до 11:00 часот корисниците од дел од ул. Јустинијан први, во периодот од 09:30 до 15:00 часот корисниците од село Ракотинци како и селото Добри Дол и од 08:30 до 10:30 часот корисниците од дел од ул. Петар Драпшин, дел од ул. Лав Толстој и дел од ул. Добромир Хрс.