Без струја делови на Центар, Ѓорче Петров и Студеничани

Од:

Од „ЕВН Македонија“ АД известуваат дека поради технички зафати во дистрибутивната електромрежа, без електрична енергија ќе останат делови на Центар, Ѓорче Петров и Студеничани.

Па така, од 8:30 до 16 часот струја ќе немаат корисниците од дел од ул. Димитар Пандилов, поточно објектите од бр. 10 до бр.33 (општина Центар), од 9 до 12 часот, корисниците од дел од ул. 106 во с. Ново Село (општина Ѓорче Петров), од 9 до 13 часот, корисниците од дел од ул. Црногорска кај бр. 28 и бр. 30 (општина Ѓорче Петров).

Од 9 до 14:30 часот, струја ќе немаат и корисниците од Базен Сарај, Хотел Сарај и Емо Сарај, дел од с.Сарај кај Џамија ул.Ѓорче Петров објекти кај „Кристина Дамил“ ул.1 под ул.3 и с.Крушопек (општина Сарај и општина Ѓорче Петров), од 9 до 15 часот, корисниците од дел од с. Батинци ул.4,6 и 7 (општина Студеничани), а од 9:30 до 15 часот, корисниците од селата кон Солунска Глава, Алдинци, Мала Река, принцес Мала Река, воени и полициски објекти на Солунска Глава (општина Студеничани).

„ЕВН Македонија“ известува дека поради поставување на нисконапонски електричен кабел, ќе се смени режимот на сообраќај на ул. Ферид Бајрам и бул. Христијан Тодоровски Карпош во Скопје. Временскиот режим на сообраќај ќе се воведе во периодот од 8:00 до 16:00 часот на ден 8.11.2018 (четврток), 9.11.2018 (петок), 10.11.2018 (сабота), 12.11.2018 (понеделник) и 13.11.2018 (вторник).

Би можело да ве интересира

Лани 65,5 отсто од потребната енергија во земјава била обезбедена од увоз

ЕДС со нова промотивна понуда за секој обновен или нов договор за снабдување со електрична енергија

ЕДС Инфо поинт: Просечната цена на струјата на HUPX берзата за петок 3.10.2025 изнесува 95,10 евра за мегават час, на МЕМО 105,21 евра за мегават час

Неколку скопски општини без струја

Просечната цена на струјата на HUPX берзата за петок 5.9.2025 изнесува 110,76 евра за мегават час, на МЕМО 88,22 евра за мегават час

Електродистрибуција: Чекаме одобрение од противпожарната бригада за да пуштиме струја