Без електрична енергија утре неколку скопски општини

Од:

Делови од општините Илинден, Ѓорче Петров, Шуто Оризари и Сарај утре во различни периоди од денот ќе останат без електрична енергија.

Како што соопшти Регионалниот центар за управување со кризи по известување од ЕВН Македонија во периодот од 08.30 до 14.30 часот, без електрична енергија ќе бидат корисниците од Бунарџик, Пат за Бунарџик, како и објектите на Амајлија, Гранд и Завар во општина Илинден.

Во периодот од 9 до 12 часот без електрина енергија ќе останат корисниците од ул.„2“, „4“, „6“, „8“ и „14“ во Кисела Јабука во Ѓорче Петров, од 9 до 13 часот, дел од корисниците од ул.„Че Гевара“ во Шуто Оризари, а од 09.30 до 15.30 часот дел од корисниците од село Бојане во општина Сарај.

Би можело да ве интересира

РКЕ: Отчитувањето на броилата зголемено на 95 отсто

Горан Наумовски

СДСМ: Поскапувањето на струјата е нов удар врз и така нискиот стандард на граѓаните

Горан Наумовски

Филипче: Струјата поскапе поради катастрофалното менаџирање на ВМРО-ДПМНЕ

Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 28 ноември изнесува 119,61 евра за мегават час, на МЕМО 118,90 евра за мегават час

Владата ќе продолжи со субвенционирањето на струјата за домаќинствата

Горан Наумовски

Лани 65,5 отсто од потребната енергија во земјава била обезбедена од увоз