Бесими – Бенце: Соработка и поддршка за процесот на пристапување на Македонија во ЕУ

Од:

Заменик претседателот на Владата на Република Македонија задолжен за европски прашања Фатмир Бесими се сретна со Амбасадорот на Република Унгарија Јожев Бенце.

На средбата, вицепремиерот Бесими и амбасадорот Бенце ја истакнале успешната билатерална соработка, потврдени од серијата посети на високи претставници од двете земји во изминатиот период.

Амбасадорот Бенце ја потврди заложбата на Унгарија за целосна поддршка на европската интеграција на Република Македонија.

– Во тој контекст,соработката на политичко ниво треба да биде проследена со блиска соработка помеѓу државните институции од двете земји преку пренос на искуства во различни области во процесот на пристапување во Европската Унија, нагласил амбасадорот Бенце,  соопшти денеска СЕП.

Истакната е и взаемната подготвеност за продлабочување на економската соработка на Република Македонија со земјите од Вишеградската група, каде припаѓа и Унгарија, при што амбасадорот Бенце нагласил дека од јули 2013 година неговата земја го превзема претседателството со Вишеградската група. Биле разгледани и можностите за размена на искуства за нивниот модел во западниот Балкан.

Бесими и Бенце разговарале и за остварување почести средби на високо ниво во пресрет на објавувањето на Пролетниот Извештај на Европската Комисија и одржувањето на Советот на ЕУ.

Би можело да ве интересира

Милановиќ: ЕУ не е држава, а нејзина надворешна политика не постои

А1он

Пирц Мусар: Проширувањето на ЕУ кон Западен Балкан претставува стратешка инвестиција во мирот

А1он

„Ханделсблат“: Потпирањето на Киев врз помошта од ЕУ нема да го спречи мирот под условите на Русија

ЕУ: Украина напредува кон членство во ЕУ и покрај војната

(ВИДЕО) Мицкоски: Подобар извештај од ЕК, нема констатации за назадување – остануваат политичките услови за ЕУ

Горан Наумовски

Каја Калас: Пакетот за проширување испраќа јасна порака – реформите даваат резултати