Бензините и дизелот поскапуваат за половина денар

Од:

Бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98, како и ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) од ноќеска на полноќ ќе поскапат за половина денар по литар, а цената на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) останува на исто ниво, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ).

Новата цена на литар ЕУРОСУПЕР БС -95 ќе изнесува 67,50 денари, 69,5 денари ќе чини литар ЕУРОСУПЕР БС -98, а 60 денари ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V). Екстра лесното 1 (ЕЛ-1) и натаму ќе се продава по 59 денари за литар.

Со одлуката на РКЕ, малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се зголемува за 0,262 денари за килограм и ќе изнесува 33,881 денари.

Зголемувањето на малопродажните цени на нафтените деривати во просек е за 0,62 проценти во однос на одлуката на РКЕ од 25 месецов.

-Во изминатиот седумдневен период сите референтни цени на светските берзи во просек бележат зголемување: бензинот за 1,853 проценти, дизелот за 1,775 проценти и екстра лесното масло за 1,822 проценти и кај мазутот зголемувањето е за 1,395 проценти. Во истиот период курсот на денарот во однос на доларот е понизок за 0,262 проценти, наведува Регулаторната комисија за енергетика.

Би можело да ве интересира

Поскапуваат горивата

Поскапува дизелот, цената на бензините не се менува

Горивата поскапуваат од половина до два денари по литар

Поскапува бензинот, дизелот не

Горан Наумовски

Дизелот поскапува за 1,5 денар, цените на бензините остануваат исти

Поскапуваат бензините