Бендевска: Дали Орце Камчев се намерачи да дојде на Широк Сокак?

Од:

„Кој висок функционер и кому прави „автопат“, за да ја купи битолска шеќерана“, го праша Весна Бендевска премиерот.

Таа директно праша дали Орце Камчев се намерачи да дојде на Широк Сокак.

Посочи дека случајот со, како што рече, манипулацијата со шеќерана стигна и до Судот во Стразбур, бидејќи на вработените не им беше дадено правото на штрајк.

Безумието, на вашата неправда ние ќе го платиме, рече Бендевска.

За премиерот прашањата се исполитизирани, вети дека за се ќе ја информира владата и ќе провери што се случувало. Не штитиме никого, рече премиерот и секој треба да си ги плаќа даноците.

Бендевска го потсети дека пред две години пратеникот на ЛДП, Андреј Жерновски, го поставил истото прашање за состојбите во шеќерана, и ништо не е преземено.

„Како да ви верувам дека имате искрени намери. Бугарскиот газда длабоко навлегол во медот, и поделил пари со некој функционер. Во битолската чаршија веќе се говори и се знае кој е тој. Правдата ќе ги стигне“ рече Бендевска.

За премиерот, Бендевска сака да оствари политички поени на маката на некои работници. Рече, „Ако некој сака да ја продаде сопствената компанија, не треба да ја обезвреднува, како што порано се правеше . вашето прашањето е карикатурално“, рече премиерот Груевски.

„Ако моето прашање е карикатурално, вашиот одговор е одговор на очајник. Битолчани се чуден народ, доаѓаат по своето“, рече Бендевска.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Димитријевиќ: Апелација да постапи веднаш – „Талир 2“ не смее да заврши со спас на Никола Груевски

СДСМ: Стратешкото партнерство со САД оди заедно со членството во ЕУ

Горан Наумовски

СДСМ: Дизелот над 100 денари – четврто поскапување за еден месец и нов удар врз семејниот буџет

СДСМ: Избори ќе закаже кога ќе снема пари – Ние нема да му бидеме алиби, но граѓаните ќе му бидат сведоци

Горан Наумовски

СДСМ: Мицкоски си ја крои статистиката – граѓаните ја гледаат во продавница

СДСМ: Орце Ѓорѓиевски чита календар за прскање, а Скопје брои четири починати