Беличанец вети изградба на градинка во Припор и културен дом во Драчево

Од:

Кандидатот за градоначалник на општина Кисела Вода од коалицијата „За подобра Македонија“, Билјана Беличанец – Алексиќ најави изградба на градинка клон на градинката „8 Март“ и пензионерско катче во Припор и изградба на културен дом во Драчево.

– Изградбата на оваа градинка ќе биде финансирана од буџетот на општина Кисела Вода. Во програмата стои дека овој проект ќе биде реализиран до крајот 2013 година, изјави денеска Беличанец.

Според министерот за труд и социјална политика Спиро Ристовски, кој присуствуваше на денешната посета во Припор, отворањето на детска градинка е значајно за овој дел од општината.
Тој истакна дека на овој начин ќе се обезбеди значителна поддршка пред се на родителите, но и на дечињата.

Во Драчево, кандидатот за градоначалник од ВМРО-ДПМНЕ изјави дека старото кино ќе биде реконструирано по што оваа населба ќе добие нов и модерен културен дом.

Би можело да ве интересира

Вучиќ ги соопшти резултатите од локалните избори: Тоа е тоа 10:0

Горан Наумовски

Социјалистот Емануел Грегоар е новиот градоначалник на Париз

Јанша не е среќен по поразот на словенечките избори

Горан Наумовски

Предвремени парламентарни избори во Јапонија – дали снегот може да ги расипе очекувањата?

Бурата како спас: Вентура бара одложување на вториот круг од претседателските избори во Португалија

Радев најави предвремени парламентарни избори во Бугарија