Беличанец: Сакаме повеќе, можеме повеќе

Од:

Токму овде во Кисела Вода е зародиштето на ВМРО-ДПМНЕ, токму овде е повеќедецениското јадро на ВМРО-ДПМНЕ. Како кандидат за градоначалник имам една главна стратешка цел, а тоа е перспективна иднина за сите нас, рече кандидатот за градоначалник за Кисела Вода Билјана Беличанец Алексиќ.

Храбро ќе се соочам со сите предизвици за решавање на проблемите со кои се соочуваме, и ќе направам се да го продолжиме патот по кој тргна Кисела Вода со ВМРО-ДПМНЕ, чии принципи на работа се чесност, верност, искреност, посветеност, истрајност, што го гарантира успехот за достоинствен живот, рече таа.

Кандидатот за градоначалник на Кисела Вода истакна дека во Програмата за работа има 41 проект кои би требало да се реализираат во наредните четири години, меѓу нив, развој на индустриска зона на улицата „Борис Трајковски“, проширување на улицата „Борис Трајковски“, изготвување ДУП за индустриска зона, за населените места, легализација на бесправни објекти, реконструкција и изградба на атмосферска и фекална канализација, создавање нови работни места со привлекување домашни и странски инвестиции, реконструкција на спортскиот центар „Расадник“, на културниот дом во Драчево, изградаба на Културен центар во Кисела Вода…

Сакаме повеќе и можеме повеќе. Програмата ја создадовме со вашите потреби и идеи. Заради тоа вечерва се обврзуваме дека во ниту еден момент нема да заборавиме дека сме избрани за да бидеме тука за нашите граѓани. Ќе работиме напорно во функција на народот, како сервис на граѓаните, рече таа.

Би можело да ве интересира

Народниот правобранител со бесплатна телефонска линија за изборни повреди на 2 ноември

Последен ден од изборната кампања за градоначалници за вториот круг од локалните избори

Вилдерс без мнозинство, Јетен бара стабилност – Холандија се соочува со сложени преговори за влада

(ВИДЕО) Мицкоски: Изборниот процес се одвива мирно и достоинствено, очекувам да прогласиме уште една историска победа

Горан Наумовски

Излезеноста до 15 часот 31,16 отсто, ист одзив има и во Град Скопје

Горан Наумовски

МВР: Во Прилеп уапсени се две лица поради „поткуп при избори и гласање“