А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

Бектеши: За две-три недели ќе се знае висината на зголемувањето на минималната плата

by А1он06/09/2019 - 16:18596
Share0

Зголемување на минималната плата ќе има, но се уште не се знае колкаво ќе биде тоа, зашто во тек се разговорите со бизнис заедницата и стопанските комори, порача министерот за економија Крешник Белктеши кој денеска беше на увид на работите на патиниот правец Долнени-Чашка.

Добивај вести на вибер

-Досега не сум кажал колкава ќе биде минималната плата. Заедно со бизнис заедницата, со стопанските комори работиме на тоа. Да, ќе има покачување на минималната плата. Висината на покачувањето ќе ја утврдиме во наредниве две-три недели и навремено ќе ја известиме јавноста. Сите индикатори за економскиот раст, покажуваат дека се движиме во вистинската насока. Како Влада сме должни да ги зголемиме платите и во приватниот и во јавниот сектор, како што беше примерот за покачувањето на платите во јавниот сектор за пет отсто од септември, изјави Бектеши.

Што се однесува до економските мерки за подобрување на бизнис-климата и стандардот во земјава, додаде, паралелно се работи на неколку мерки од кои и зголемувањето на платите во приватниот сектор.

-Паралелно работиме на неколку економски мерки за подобрување на економската клима. Веќе сме во преговори со бизнис заедницата околу новиот закон за покачувањето на платите во приватниот сектор. Очекуваме да добиеме коментари, сугестии и врз основа на нив, да го подобриме законското решение, зашто за секое покачување на платите до 6 000 денари, Владата ќе ги субвенционира придонесите. За подобрување на стандардот и на животот на граѓаните многу се важни мерките и за заштита на животната средина, за субвенционирање нови модели како што се инвертерите, за енергетската ефикасност, како и инфраструктурните проекти, рече Бектеши.

minimalna plataminister za ekonomija

Би можело да ве интересира

ССМ најави протест на 14 март: Една третина од работниците со плата под 30.000 денари

Горан Наумовски06/03/2026 - 14:58

(ВИДЕО) Минималната плата се зголемува за 1.667 денари согласно законското усогласување

Горан Наумовски02/03/2026 - 13:40

Мицкоски: Минималната плата се зголемува, повисоки примања од април

Горан Наумовски02/03/2026 - 12:2402/03/2026 - 12:36

Дурмиши: Ќе има дебата за трошоците за живот и минималната плата

Горан Наумовски02/03/2026 - 10:1602/03/2026 - 10:22

(ВИДЕО) Цветков: Минималната плата не е само бројка, илјадници семејства тонат во сиромаштија

Горан Наумовски25/02/2026 - 17:59

(ВИДЕО) Спасовски: Ако не се покачи минималната плата, Македонија ќе остане без своите работници

Горан Наумовски25/02/2026 - 17:07
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен