Бејта: Ќе овозможиме полесни инвестиции за печалбарите

Од:

Решавање на најголемиот проблем, чиста вода за пиење до крајот на 2013 година, изградба на центар за рециклирање на отпадот од полошкиот регион, канализации за околните населби, модерни сообраќајници и инвестиции во училиштита, беа дел од проектите кои Невзат Бејта, кандидат за градоначланик на општина Гостивар им ги вети на гостиварци на вечерашниот митинг на ДУИ во Гостивар, под мотото „Градиме заедно“.

Наведувајќи делови од програмата, Бејта се осврна и на созадавањето подобри услови за развој на бизнисите.

– На тукашните жители на печалбарите ќе им овозможиме поволни услови за да го инвестираат и нивниот капитал да се оплоди во родниот крај. Даноците кои изминативе четири години беа зголемени за 300 проценти ќе бидат намалени, рече Невзат Бејта на митингот на градскиот плоштад во Гостивар.

Тој вети дека во сферата на урбанизмот ќе направи реформи и оти како што рече, сите објекти кои не биле опфатени со легализацијата ќе бидат легализрани, а урбанистичките планови ќе бидат правени според барањата и во интерес на граѓаните.

– Од вас барам да ја поддржите и да приближите повеќе луѓе кон оваа програма, зад која ДУИ стои со сиот капацитет, кадри и членство. Она што кандидатот Невзат Бејта вечерва го вети пред вас, убеден сум дека има знаење и енергија да го реализира. Гласот што вие ќе го дадете на 24 март ќе значи ваша победа, бидеќи ги гласате најдобрите, оние кои го одржуваат дадениот збор, рече Али Ахмети.

Од бината на гостиварци им се обратија носителот на листата со кандидати за членови во советот, Насир Муслиу, пратеникот Неџати Јакупи, и престседателот на изборниот штаб Абдулаќим Адеми.

Би можело да ве интересира

Народниот правобранител со бесплатна телефонска линија за изборни повреди на 2 ноември

Последен ден од изборната кампања за градоначалници за вториот круг од локалните избори

Вилдерс без мнозинство, Јетен бара стабилност – Холандија се соочува со сложени преговори за влада

(ВИДЕО) Мицкоски: Изборниот процес се одвива мирно и достоинствено, очекувам да прогласиме уште една историска победа

Горан Наумовски

Излезеноста до 15 часот 31,16 отсто, ист одзив има и во Град Скопје

Горан Наумовски

МВР: Во Прилеп уапсени се две лица поради „поткуп при избори и гласање“