Беџети: Главен столб на општеството се младите

Од:

Главен столб на општеството се младите. Младите се иднината, младите беа тие што ја донесоа големата победа на Сарај, заедно ќе продолжиме уште посилно во иднина, порача денеска кандидатот за градоначалник на општина Сарај од ДУИ, Блерим Беџети на средбата со Младинскиот форум на Сарај, заблагодарувајќи му се за ангажманот и за големата победа што ДУИ ја постигна во Сарај на 15 октомври.

Тој ги охрабри младите да продолжат, како што вели, со поголема динамика за 29 октомври, односно за вториот круг на изборите.

Беџети рече дека главниот столб на општеството се млади луѓе, додавајќи дека ДУИ цело време ги поддржува младите.

– Младите ги поддржува и претседателот на ДУИ, Али Ахмети, ги поддржува и Општина Сарај. Вие младите сте иднината. Вие, младите бевте оние со кои ја постигнавме големата победа во Сарај и заедно ќе продолжиме уште посилно во иднина. Во изборната програма, најголем простор е даден на младинските активности, образованието, културата и спортот. Еден од проектите е и реконструкцијата на рекреативниот центар Сарај, простор за рекреација и спорт. Паркот, исто така, нуди простор за релаксација со семејството во текот на викендите, рече Беџети.

Би можело да ве интересира

Демократски сојуз: Самостоен настап на локалните избори