Бакиу: ВРЕДИ е втората политичка сила во Македонија

Од:

Врз основа на бројот на освоени општини и на општините во кои одиме во втор круг, политички победник на овие избори е коалицијата ВРЕДИ и ние сме втората политичка сила во Македонија, изјави Башким Бакиу од ВРЕДИ попладнево на прес-конференција на која присуствуваа лидерите на четирите политички субјекти во оваа коалиција.

Како што рече, „ВРЕДИ е победник во пет општини во првиот круг, во шест оди во втор круг и сме победници за градоначалник и за советници во трка за градот Скопје“.

– Убедливо победивме уште во првиот круг во Чаир, Арачиново, Сарај, Желино, Теарце, додека како победници одиме во втор круг во Тетово, Боговиње, Дебар, Струга, Долнени, а во Брвеница ќе бидеме во трка како втори. За жал, во општините Гостивар и Врапчиште не е постигнат потребниот цензус според одредбите на Изборниот законик, па за епилогот од процесот во овие две општини ќе се изјасни Државната изборна комисија, рече Бакиу кој на изборите вчера беше и кандидат за градоначалник на Скопје од ВРЕДИ.

Посочи дека нивниот опонент, Националната алијанса за интеграција (НАИ) предводена од ДУИ, победила во Пласница и Липково, а оди во втор круг во Струга, Кичево и Боговиње. Во Општина Чашка, рече, ВРЕДИ воопшто не учествуваше.

-Трката таму се водеше под логото на НАИ, таму немавме свој кандидат и листа за да не ја загрозиме победата на кандидатот Албанец. Му честитаме на господинот Суад Шаќири и на Албанците во овој регион, рече Бакиу.

Тој им порача на опонентите од ДУИ дека треба да се реформираат, а лидерот Али Ахмети да се повлече од лидерската позиција. Ги потсети и дека треба да го признаат изборниот пораз.

-Бидејќи нашите политички противници изјавија дека критериум за проценка на победникот ќе биде победникот во Чаир, со победата на Изет Меџити, но и со големата предност од околу 4.000 гласови во Тетово, ВРЕДИ е апсолутен победник на овие избори. Граѓаните докажаа дека ги прифатиле политиките на ВРЕДИ и нашата изборна понуда. Ја делегитимиравме фрустрираната и навредливата политика на нашите противници. Ова е причина и албанската опозиција да се реформира, а господинот Ахмети да го фати моментот за повлекување. Сакаме да ги потсетиме раководителите на НАИ дека изборниот молк заврши во сабота, би било добро да излезат и да го признаат изборниот пораз, порача Бакиу.

Оценката на ВРЕДИ за изборите вчера е дека поминале во фер и демократска атмосфера, во која секој граѓанин, рече тој, слободно можеше да ја изрази својата политичка волја.

-Тоа е заслуга на Државната изборна комисија, организатор на изборите, но и на безбедносните органи и на оваа владина гарнитура, кои обезбедија изборниот процес да помине без ниту еден инцидент, можеби единствен случај на ваква организација во нашата земја. Ова зборува за демократската зрелост на државата и на граѓаните, за што сакаме посебно да им честитаме и заблагодариме, додаде претставникот на ВРЕДИ.

Би можело да ве интересира

Ѓорѓиевски на средба со Меџити и Бакиу: Добив силна поддршка за втор круг во Скопје

А1он

ВРЕДИ: ДУИ поттикнува тензии во кампањата, злоупотребува семејни трагедии

Катерина Ѓуровски

ВРЕДИ: “Скенерот“ што го бара Али Ахмети се вика Артан нон грата Груби

Катерина Ѓуровски

ВРЕДИ: Селотејп коалицијата Таравари-Села-Ахмети е најголемата политичка измама

Катерина Ѓуровски

ВРЕДИ: Лагите на Бујар не ја кријат неговата вина

А1он

МВР се сомневало дека Груевски избегал со автомобилот на Ахмети, вели ВРЕДИ