Автобус на ЈСП се запали под Железничката станица во Скопје

Од:

Директорот на ЈСП „Скопје“ Драги Кушовски за МИА потврди дека автобус на ова јавно сообраќајно претпријатие се запалил под Железничката станица и појасни дека е направен увид, но се уште нема официјални податоци за причините.

Тој рече дека биле на местото на настанот при што е констатирано дека автобусот бил паркиран и во него немало патници. Според него, најверојатно се работи за запалена инсталација.

Пожарот избил во задниот дел кај моторот, по што веднаш била повикана противпожарна бригада, која спречила проширување на пожарот.

Би можело да ве интересира

Мицкоски: Бесплатен јавен превоз за студентите ќе има, Владата донесе одлука да му префрли 120 милиони денари на ЈСП

Предраг Петровиќ

Албански државјанин ограбил две жени во автобус на ЈСП

Горан Наумовски

ЈСП Скопје интервентно купило нафта од Пуцко Петрол

Приватните превозници во Скопје повторно се исклучија од сообраќај

Град Скопје: Срамно е да се злоупотребува најзагрозеното малцинство за политички цели

Нормализиран автобускиот сообраќај во Скопје, нафтата се испорачува сукцесивно