Во третата група разговори кои денеска ги објави градоначалникот на Центар Андреј Жерновски се како што вели договорите, како по трите пеколни изборни круга и загубата власта се обидува да ги брише доказите од компјутерите во Општина Центар.
Како, вели Жерновски, Латас ветува дека ќе го стават во машина. На овие снимки, вели тој, се покажува и неуспешниот обид за поткуп на еден од советниците на опозициската коалиција.
Разговор помеѓу Никола Груевски и Миле Јанакиески
МЈ: Молам.
НГ: Миле, ќе поднесуваме ли приговори?
МЈ: Има сегде поднесено приговор.
НГ: Ама, има ли основани?
МЈ: Ова што СДС му ги земаше личниве карти, што му ги читаше имињата, надвор гужви што правеа.
НГ: Мхм.
МЈ: Што не е вака.
НГ: И Нано Ружин.
МЈ: Да. И Нано Ружин и Шекеринска дел го правеше тоа, стопираше…
НГ: Добро.
МЈ: Поднесени се. Се слушнав со сите, да поднесуваат. И Нино и јас, се слушнав…
НГ: Како?
МЈ: И Нино и јас, се слушнав, да поднесуваат.
НГ: Да, да. И ја му реков на Нино да поднесуваме, ако не за друго, барем да купиме денови, знаеш. За да си завршиме тука работи што имаме во Центар.
МЈ: Да, добро.
НГ: Тоа е сеа. Направивме сé што можевме.
МЈ: И малку повеќе од тоа.
НГ: Малку повеќе од тоа, да. Убаво кажа.
МЈ: Треба да седниме и да сумираме, тоа е сеа.
НГ: Владо више свесен е дека губи?
МЈ: Во војна има и губитници и победници. А?
НГ: А?
МЈ: Тоа е во војна, некој мора да изгуби, некој да победи, тоа е.
НГ: Владо свесен е дека губи?
МЈ: Па сега се спремаше изјава да даде дека изгуби, ја му реков да не дава изјава, му викам, чекај, од кај знаеш, спремен си е човекот.
НГ: Нема потреба, никој од СДС не даде изјава. Кој дава дека изгубил? Будала. Кажи, еве ти си од СДС, искочи . Утре ќе дадеш, задутре, чекај.
МЈ: Му реков да не даде. Ок
НГ: Стегнете го таму, да не направи таква глупост, оти тогаш…… не ни држи збор.
МЈ: Да, да, му реков, му реков.
НГ: Ок.
МЈ: Ајде, чао.
НГ: Ајде.
Разговор помеѓу Гордана Јанкулоска и соговорник
С: Ало
ГЈ: Ристе…
С: Да
ГЈ: Абе со твојов Центар никако да завршиме
С: Сеа со Влатко зборам му вика шо и приговори, Влатко вика ….
ГЈ: Па еве сеа и он ми кажува шо се глупираме
С: Стварно глупости е тоа
ГЈ: Море ја за друго те барам. Имале закажано општина Центар сабајле некои вонгабаритни споменици да местат…
С :Да 20
ГЈ : E и сеа тоа можда ќе беше нормална работа да победевме ама ние не победивме…да му свртиш на Зоран Марковски да се мобилизирани и малку повеќе да има на работа полицајци оти можеби комуњариве да искочат, тоа сабајле ќе биде они ќе спијат ама знаеш како не знаеш шо ќе се деси, да не се бркаме сабајле у 6 уште од вечерва јави му на Зоран Марковски
С: Сеа ќе му се јавам
ГЈ: Ја не ти го знам тој ти е твој вака кадар, иначе ја ќе му свртев…те фати таксират со него.
С: Ќе го барам нема проблем
ГЈ: Барај го па легни си, да…
С: ќе ги внесат сабајле се, сеа баш со Мацко зборуваше дојди вика и да му пуштам човек да му бриши све од хард диск све од компјутер, да чисти се..
ГЈ: Ле ле ле.. нема шо може ќе помагаме сеа тоа е…
С: Тоа е, Маријан е добар човек…
ГЈ: Не бе Маријан е супер
С: Ја викам светлата точка во таа општина
ГЈ: Да си го зееме кај нас Мацко
С: Да да стварно е многу добар Мацко
б Не знам он што е по професија
С: Он требаше… ја го прашував сеа кај ќе идеш вика у мирување ми е местото во труд и социјала, таму нели државен советник е…
ГЈ: Таму не му е лошо
С: Не не не е на лошо место тамам работа
ГЈ: Ако не му се свиѓа таму кај нас да го земеме
С: Ќе му кажам, сеа ќе му ѕвонам..
ГЈ: Добро Ристе ај види со ова па белким завршуваме со Центар
С: Толку е сеа… за 4 години… си размислувам сеа со бабана Аларова сегде победивме 2005…
ГЈ: Да бе да, ама тоа е…
Разговор помеѓу Драган Павловиќ Латас и Сашо Мијалков
ДПЛ: Повели началниче…
СМ: Началниче бе што праиш…
ДПЛ: Еве ништо читам како се вика по интернет нешто…
СМ: А…
ДПЛ: По интернет читам…
СМ: Да што пишуе…
ДПЛ: 45ка сме барале у Центар 20 у Струга прегласување…
СМ: Што 45?
ДПЛ: Као се вика.. приговори
СМ: Мм у Центар 45?
ДПЛ: Така пишуе…
СМ: Не, тоа не знаеме утре ќе знаеме колку ќе фати, имаме основ за сите 46 ама…ама ќе видиме
ДПЛ: Нешо треба да напраиме време е да добиеме малце и да покажеме…
СМ: Ти што мислиш кажи ми…
ДПЛ: Мислам дека треба да даеме…
СМ: Така? Треба да прегласуваме па што биде биде… па и да изгубиме што…
ДПЛ: Па така.. прво 15 дена луѓено да се приберат у општина да се довршат некои работи таму да се потпише записници маписници ти глеаш ќе го фати неспремно по споменици по чуда…
СМ: Аа?
ДПЛ: За 15 дена ќе ги намалиш ќе ги туриш споменициве ќе потпишеш прием ќе ова ќе она, ќе го намалиш ризикот да искача по телевизии да лупа глупости…
СМ: Така бе..
ДПЛ: А можда може и нешто и да се напраи никад не се знае..
СМ: Никад не се знае бе…
ДПЛ: Така бе. А ќе го стаиме ние у машина, полека…
СМ: А?
ДПЛ: Ќе го стаиме у машина бе полека
СМ: Овој?
ДПЛ: Да да да
СМ: Ја мислам да…
ДПЛ: И ја мислам…
СМ: …Советот
ДПЛ: Па види некој и ќе претрча од Советот полека…
СМ: А?
ДПЛ: Ќе претрча некој ја не знам како им е нив составот дали се сите од СДСМ или има и од другиве партии нивни…А? Си го видел ти Советот?
СМ: Има и од тие мислам…Коле нос е таму…
ДПЛ Коле нос? Од која партија е Коле нос бе?
СМ: Па не знам, тој беше…од либерална или од ЛДП
ДПЛ: Либерална сами искочија…
СМ Од кај Тито.. од ЛДП од ЛДП е.
ДПЛ: Така може така може
СМ: ДА..После таму ти е на Тито една секретарка
ДПЛ: Абе еден ќе најдеме има време полека…
СМ: Не бе има 3-4
ДПЛ: Иии дај Боже, немој не ме радуј хахаххаха
СМ: 4 шо се на трансфер па сека ќе видиме колку ќе упалат…
ДПЛ: Па два бе, упалат ти е доста…
СМ: А?
ДПЛ: Па два да упалат ти е доста
СМ: Па и еден да упали е доста бе…Советот да го напраиме ние и ондак го п…
ДПЛ: Па да бе така…Да да да, без Совет ништо не моеш да напраиш…
Разговор помеѓу Миле Јанакиески и Сашо Мијалков
МЈ: Е Саше.
СМ: А бе Миле, се слушаме ли?
МЈ: Да, да. Се губи нешто. Кажи.
СМ: Сеа ме слушаш?
МЈ: Да, да.
СМ: Што?
МЈ: Ало?
СМ: Ме слушаш ли?
МЈ: Да, да, да, да. Кажи.
СМ: Ова сеа што ми го прати, што е? Готово решение?
МЈ: Да, да, решение, само да уплати тоа. Мислам, може ние да му платиме, ама мора тој да се потпиши, и да му издадеме денеска согласност.
СМ: Што да му дадете денеска?
МЈ: Согласност дека му е легализирана куќата. Оти, два чекори се. Прво му се издава урбанистичка согласност…
СМ: Значи, што има кај мене сеа денеска? Кој документ го има кај мене?
МЈ: Урбанистичка согласност и пресметка колку пари треба да плати за легализацијата.
СМ: Аха.
МЈ: Тоа кога ќе го плати, врз база на уплатата му се издава решение, односно, објектот дека му е…
СМ: Ок, шо да му речам? Да му речам, тоа ти е од нас.
МЈ: Да.
СМ: И така, за добредојде.
МЈ: Да. И кажи му ние дека ќе му платиме.
СМ: Тоа е ти е од нас, немаш обврска, па сеа ти види, а?
МЈ: Да. И не мора тој да го упалти, оти, околу 200 и нешто илјади се, ние да му платиме, така договори, ама мора да го потпиши налогот, формално правно.
СМ: Колку илјади се?
МЈ: 200 и нешто, 230.
СМ: Е па, како ние ќе му платиме 200 илјади?
МЈ: Не, ама, ако прифати.
СМ: А?
МЈ: Ако прифати.
СМ: Чекај сега, не те разбирам. Шо да му речам ја на него? Ја да му речам, ова ти е готово, прифаќај?
МЈ: Ти му викаш, еве ти го, те частиме легализација на куќата, да си го уплати. Можеш дополнително да му кажеш дека можеме и да му средиме, да му платиме. Тоа е.
СМ: Аха.
МЈ: Ти кај си, на работа си? Ало? Ало?
СМ: Ме слушаш ли?
МЈ: Се губи нешто. Сега ме слушаш?
МЈ: Да, да, кажи.
СМ: Не сум тука, викам, у Грчка, у Грчка дојдов ја.
МЈ: Аааааа. Кога се враќаш?
СМ: Утре најкасно.
МЈ: Е па, сеа не знам како да направиме. Некој да му го даде тоа на рака.
СМ: Јас ќе му кажам на него вака. Кај мене ти е во канцеларија, утре се гледаме ја и ти.
МЈ: Е, така и готово. Ајде.
СМ: Ама, чекај сеа, како сеа. Он шо ако рече, јас не сум спремен да ја прифатам работата, што треба да му кажам тогаш…..или што?
МЈ: Па не знам колку сурови да бидеме, шо да ти кажам.
СМ: Малце е незгодно тоа. У овој случај ако му викаме готово ти е, треба да му кажеме, тоа ти е од нас, те частиме.
МЈ: Ќе го играме после тој и понатаму, јас така мислам, а? Еднаш преминал…
СМ: Мислам така е пофраерски, него да му кажеме, слушај, еве, ако не, ништо. Разбираш?
МЈ: Да.
СМ: Тоа е уценувачки, тоа е лошо.
МЈ: Се согласувам.
СМ: А?
МЈ: Се согласувам.
СМ: Тоа ти е од нас, а ти сеа види.
МЈ: Да, е така.
СМ: За добредојде, а?
МЈ: Да, е така.
СМ: А?
МЈ: Така, така.
СМ: Па, ако нејќеш и не мораш. Еве ти, од нас ти е тоа.
МЈ: Да сме живи и здрави.
СМ: А?
МЈ: Види, му решаваме животно прашање, така да, нема да му биде едноставно.
СМ: Да, да, ок. Ајде
МЈ: Ајде чао.