Аудио плеер за лица со посебни потреби

Од:

Во Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ – Скопје денеска ќе биде претставено победничкото решение на конкурсот „КулТИП“ – аудио плеер за лица со посебни потреби.

Аудио плеерот е резултат од проектот „Веб базиран аудио плеер за лица со посебни потреби“ со кој НУБ „Св. Климент Охридски“ – Скопје и Стопанската комора за информатички и комуникациски технологии (МАСИТ) учествуваа на конкурсот „КулТИП 2014“ што го организираше Британски совет во соработка со Факултетот за информатички науки и комјутерско инженерство (ФИНКИ).

На овој конкурс за иновативни решенија и за воведување на нови дигитални технологии во културните институции беше доделена прва награда за аудио плеерот за лица со посебни потреби.

Аудио плеерот го изработија НУБ „Св. Климент Охридски“ – Скопје и Факултетот за информатички науки и комјутерско инженерство (ФИНКИ) и има за цел да овозможи полесен пристап до аудио содржините обезбедени од Одделението за слепи и слабовидни лица при НУБ „Св. Климент Охридски“ – Скопје.

При изработката на овој аудио плеер  било посветено внимание на имплементација на препораките од W3-конзорциумот за достапност на интернет-содржини за лицата со посебни потреби.

Овој аудио плеер поддржува транскрипција на аудио книги според содржината и формата, а од меѓународните стандарди и протоколи во плеерот имплементирани се Даблин кор и Микродата, што го прави плеерот оптимизиран за најпопуларните интернет-пребарувачи и лесно може да се интегрира во која било дигитална библиотека. Плеерот е повеќејазичен (на македонски, англиски, германски и шведски, а наскоро ќе биде достапен и на албански, турски и кинески).

Изворниот код на аудио плеерот е објавен како open source-решение и е јавно достапен на GitHub преку корисничката сметка на НУБ „Св. Климент Охридски“ – Скопје. Исто така изработена е и посебна веб-страница каде што заинтересираните лица можат да ги разгледаат сите функционалности на аудио-плеерот.

Овој аудио плеер наскоро ќе биде интегриран во Дигиталната библиотека на Македонија и ќе служи за стриминг на аудио книги од Одделението за слепи и слабовидни лица при НУБ „Св. Климент Охридски“ – Скопје.

Би можело да ве интересира

Откажан најголемиот саем за мобилни телефони во светот поради коронавирусот

Драган Поповски

Сеавус талент програма за IT операции и поддршка

Ана Ололовска

Се зголемува додатокот за децата со посебни потреби

Ана Ололовска

Драма во Тимјаник: Ние не сме фашисти, ама не ги сакаме тие деца овде

Ана Ололовска

Заработувачката на Хуавеј Технолоџи се зголеми за 28,1 отсто

Ана Ололовска

Робот диригираше со оркестар на концертот на Бочели во Пиза

Ана Ололовска